Студентка од САД изработува маски за глувонеми лица

„На Фејсбук видов луѓе што изработуваат маски, па си помислив што е со глувонемото население?“, вели 21 годишната Ешли Лоренс од Кентаки, САД.

Идејата за која почнала да ги изработува маските е потребата од пластичниот прозорец кој ќе им користи на глувите и наглуви лица, односно за секој оној што чита од усни.

„Почнавме да ги правиме со постелнини што ги имавме, и за среќа постелнините се големи, па за сега имаме доволно резерви за да изработиме што повеќе маски. За прозорчето користиме пластична ткаенина“, појаснува Лоренс.

Со помош на нејзината мајка изработуваат најразлични маски, во зависност од тоа дали ќе ги употребуваат лица кои користат импланти и слушни помагала. Доколку не можат маските да ги завиткаат околу ушите, тие произведуваат и маски што може да се завиткаат околу главата или вратот.

Лоренс потенцира дека маските се бесплатни, а во случај на испорака во странство тогаш ја наплаќаат само доставата.