fbpx

Столтенберг: Во НАТО се преговара за распоредување на нуклеарни оружја

Генералниот секретар на НАТО вели дека преговорите во алијансата се одговор на заканите од Русија и Кина за користење нуклеарни оружја

-

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг за „Телеграф“ изјави дека во алијансата се преговара за распоредување на повеќе нуклеарни оружја, како одговор на заканите на Русија и Кина за распоредување на нуклеарни оружја.

„Има директни консултации помеѓу членките на НАТО за вадење проектили од складишта и за нивно ставање во состојба на готовност. Не би навлегувал во детали колку нуклеарни проектили би требало да бидат оперативни, а колку во складишта и тоа е она за што сега се консултираме“, изјави Столтенберг.

Рускиот претседател Владимир Путин често ги има споменувано нуклеарните оружја, особено на почетокот на војната. Гардијан потенцира дека рускиот претседател забележително помалку ги споменува нуклеарните оружја во своите говори во изминатите месеци, наводно по предупредување од кинескиот претседател Сји Ѓинпинг. Сепак, тој неодамна рече дека Русија би искористила нуклеарни оружја доколку НАТО распореди трупи во Украина.

Дополнително, Столтенберг потенцира дека Кина го има зголемено производството на нуклеарни оружја, велејќи дека таа е можно да има илјада боеви глави до 2030 година.

„Целта на НАТО е, се разбира, да постои свет без нуклеарно оружје. Но, сè додека постои нуклеарно оружје, НАТО ќе остане нуклеарен сојуз, бидејќи свет во кој Русија, Кина и Северна Кореја имаат нуклеарни оружја, а НАТО нема, е поопасен свет“, вели Столтенберг.

Генералниот секретар на НАТО рече дека нуклеарната транспарентност треба да биде темелна вредност на нуклеарната стратегија на НАТО. Пред една деценија, кога Столтенберг ја презеде својата улога на врвот на алијансата, нуклеарните вежби беа спроведени во целосна тајност.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Претседателката Сиљановска Давкова го прими кинескиот амбасадор, Џанг Ѕуо

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска го прими амбасадорот на Народна Република Кина, Џанг Ѕуо, соопштија од претседателскиот кабинет. На средбата било констатирано дека билатералните односи меѓу двете држави се основани...