Стевчо Јакимовски ја раскина коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ во Карпош, ВМРО обвинува за бизнис интереси

-

Градоначалникот на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски денеска ја раскина коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ. На прес-конференција тој прозборе за несогласувањата што ги има со советниците од оваа политичка партија, но и со лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски.

„По 9 месеци коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, морам да соопштам дека повеќе таа коалиција не може да опстои овде во Општина Карпош, затоа што јас како градоначалник со моите години, со моето искуство и со мојот карактер не можам да дозволам повеќе некој да се поигрува и со мене и со Советот на општина Карпош, но и со интересите на граѓаните на oпштина Карпош“, изјави градоначалникот Јакимовски.

Јакимовски рече дека долго време се обидувал овие несогласувања да ги држи далеку од очите на јавноста, но тврди дека повеќе не може да издржи и поради тоа се одлучил на ваков потег. Тој истакна дека постојано биле упатувани закани до стопанственици од Карпош за тоа дека тие ќе биле сменети кога на власт ќе дошла ВМРО-ДПМНЕ.

„Имам поплаки за работи за кои ние како локална самоуправа сме должни да ги работиме, а има индиции дека некој се обидува да ги рекетира луѓето дури и закани кон стопанственици дека еден ден кога ќе дошле на власт дека тие ќе биле затворени и така натаму. Срамота е за некој што сè уште не дошол на власт да се заканува“, изјави градоначалникот на Карпош.

По прес-конференцијата на Стевчо Јакимовски, одговор денеска стигна од советникот од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Карпош, Роберт Велјановски. Тој тврди дека пресот на градоначалникот Јакимовски е всушност реакција на цврстите заложби на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата по ниедна цена да не се дозволи понатамошна бетонизација на Карпош на штета на зелениот простор на општината.

Тој тврди дека несогласувањата на оваа тема се од првиот ден од преземањето на функцијата градоначалник на Општина Карпош и посочи дека советниците на ВМРО-ДПМНЕ не одобриле неколку обиди на Јакимовски за вцртување на згради на различни локации низ Карпош, кои освен за интересот на бизнисот, не му служат никому.

„Јакимовски и денес сакаше да помине нов ДУП со 7 нови згради во Злокуќани, како и претходните негови обиди за усвојување на ДУП-ови со нови згради, така и за овој Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата не даде поддршка на планот и на денешната седница истиот не беше усвоен“, изјави Велјановски.

Инаку, по раскинот на коалицијата на ГРОМ и ВМРО-ДПМНЕ во Советот на општина Карпош, останува нејасно како ќе се одвива носењето на понатамошните одлуки, за коишто е неопходно мнозинство. Претседател на Советот на општина Карпош во моментов е Бранко Ристов, советник од Левица. Во актуелниот состав на советот, 8 советници има коалицијата предводена од СДСМ, 7 советници има коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, 4 советници има Левица, додека по два советника имаат партијата ГРОМ и Група избирачи – Невена Георгиевска.

Владата ќе го тргне Коцевски релативно брзо, може да заглави подолго околу наследникот

Членовите од Законот за Јавното обвинителство кои директно се однесуваат на именување и разрешување на Јавен обвинител на РСМ, покажуваат дека досегашниот главен јавен обвинител Љупчо Коцевски ќе биде разрешен релативно...

Најновиот пач во World of Warcraft имплементира Need For Speed моменти

Најновиот пач за World of Warcraft The War Within, од новата втора сезона доаѓа со PvP и Mythic+ Dungeons, како и нов Raid - но најбитната каратеристика на овој додаток е...

САД и Русија ќе назначат тимови за преговарање за крај на војната во Украина, соопштија американски претставници по средбата

САД и Русија ќе назначат тимови за преговарање за ставање крај на војната во Украина, соопшти американскиот Стејт департмент, по разговорите на високо ниво во Саудиска Арабија со претставници на Русија. Како...

Студентите го демантираат демантот на Националната опера и балет

Националната опера и балет (НОБ) со официјален демант се обидува да ги неутрализира негативните ефекти од веста дека студентите биле спречени да користат попусти при купување билети за тамошните претстави, иако...

Владата ќе го тргне Коцевски релативно брзо, може да заглави подолго околу наследникот

Членовите од Законот за Јавното обвинителство кои директно се однесуваат на именување и разрешување на Јавен обвинител на РСМ, покажуваат дека досегашниот главен јавен обвинител Љупчо Коцевски ќе биде...