fbpx

„Мост“ ја повика ДИК да го објави извештајот без интервенции

-

Граѓанската асоцијација „Мост“ ја повика Државната изборна комисија (ДИК) да го објави првичниот извештај од вкрстените проверки на избирачкиот список, онака како што тој е изработен и доставен од експертите, без никакви дополнителни интервенции.

„Планот за спроведување на вкрстените проверки на податоците во избирачкиот список беше подготвен од експерти и донесен од ДИК, врз основа на методологијата за водење и за ажурирање на избирачкиот список одобрена од четирите политички партии. Оттаму, ДИК мора да го објави првичниот извештај од вкрстените проверки така како што тој е изработен и доставен од експертите, односно без никакви дополнителни интервенции, а неговото усвојување треба да се одвива на јавна седница. Дополнително, ДИК треба веднаш да ги објави критериумите, односно тест-прашањата за спроведувањето на дополнителните проверки кои го менуваат првично донесениот план, како и резултатите што се очекуваат од нив“, стои во соопштението на „Мост“ .

Повикот на „Мост“ доаѓа откако денеска дел од медиумите објавија неофицијални бројки дека во избирачкиот список спорни се меѓу 300.000 и 500.000 гласачи.

По ова од ДИК излегоа со став дека сè додека членовите на комисијата не го усвојат извештајот за резултатите од вкрстените проверки, сите бројки што се појавуваат во јавноста се на база на шпекулации

– По првичното разгледување на извештајот од спроведувањето на вкрстените проверки на базите на податоци од релевантните институции, ДИК одлучи да спроведе дополнителни контролни тестови на дел од прашањата опфатени со проверките. Веднаш по завршувањето на дополнителните контролни тестови, Државната изборна комисија ќе закаже седница за усвојување на извештајот од вкрстените проверки – изјави попладнево советничката во ДИК, Љупка Гугучевска.

Таа не сакаше да одговори на новинарските прашања дали бројката на спорни гласачи е иста или барем приближна на таа што се појавува во неофицијалниот извештај.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.