fbpx

Иванов: Итно да се најдат начини и да ѝ се овозможи напредок на Република Македонија

-

Претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов, денеска се сретна со амбасадорот на САД, Џес Бејли, шефот на делегацијата на Европската унија, Аиво Орав, шефот на Мисијата на ОБСЕ, Ралф Брет, Румен Радев, шеф на Канцеларијата за врски на НАТО, и со амбасадорот на Турција, Омур Шолендил, во функција на контакт-амбасадор на НАТО.

Тој ја истакна потребата за поддршка од меѓународната заедница во интерес на стабилноста на Македонија, како и стабилноста и безбедноста на целиот регион. Последните политички случувања во државата се резултат, покрај другото, и на долготрајната статус кво ситуација во однос на евроатлантските интеграции, која остава простор за најразлични обиди за дестабилизација.

Затоа е потребно, рече Иванов, итно да се најдат начини и да ѝ се овозможи напредок на Република Македонија, на планот на евроатлантските интеграции, а во интерес на севкупните односи во општеството.

Особено е важно да се врати чувството на сигурност и на безбедност кај македонските граѓани, посочи претседателот Иванов.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.