fbpx

По што ќе биде запаметен Ѓорге Иванов: Како татко на нацијата или на ВМРО-ДПМНЕ?

-

Милитант на ВМРО-ДПМНЕ, кловн и слуга на поранешниот премиер Никола Груевски. Ова се некои од оценките на познавачите на политичките и правните прилики, претставниците на граѓанскиот сектор, медиумите, како и академската и публицистичката фела, за тоа како Северна Македонија ќе го запамети, Ѓорге Иванов. претседател во два мандати, односно од 2009 до 2019 година, пишува Порталб.мк.

Соговорниците на Порталб.мк. оценуваат дека Иванов не ја исполнил мисијата за која имал законска обврска да им служи на граѓаните и на политиките за обединување, наместо на политиките за поделба, дискриминација, националистички и партиски политики.

Особено истакнуваат дека освен тоа што за време на неговиот мандат Иванов направи лапсуси и гафови, туку исто така направи и драстични прекршувања на законите и Уставот, особено со аболицијата на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ, кои беа осомничени од Специјалното обвинителство за сериозни кривични дела и корупција, со не давање на мандатот на мнозинството, лидерот на СДСМ Зоран Заев, иако овој имаше мнозинство за формирање на влада, но и со не потпишување на указите на Законот за јазиците и Законот за Договорот од Преспа.

Али Пајазити, универзитетски професор и публицист

Ali-Pajaziti-250x189„Претседателот Иванов ќе биде запаметен како политичка фигура без визија на инклузивен државник, како „претседател кловн“ кој предизвика скандал по скандал, и не придонесе за разбирање, релаксација, дијалог меѓу заедниците, поддржувач на груевскистичката диктатура, човекот кој произведуваше постојани тензии и служеше како партиски актер, а не како „татко на државата” и на граѓаните, статичен, регресивен човек, без флексибилност, не либерален, без визија за тековите во регионален, континентален и глобален контекст. Тој е добро школо за тие после него, за тоа како не треба да биде еден претседател на државата, а за интелектуалците за тоа како политичката кариера може да им го уништи имиџот и угледот на научник.“

Бардил Јашари, директор на Фондацијата „Метаморфозис“

Bardil-385x375-e1486629906852„Често се случува да се заборави дека Македонија има претседател, сепак, ќе го запаметиме како про-руски претседател кој, за време на политичките кризи во земјата, а такви имаше многу, со неговите настапи постојано ја отежнуваше состојбата со неодговорни изјави. Често траги-комичен, едноставно беше аморфно тело кое по потреба беше обликувано од поранешниот премиер, бегалецот Груевски.“

Елида Зилбеари, главна уредничка на „Порталб.мк“

ELida DSC_1672-250x159„Не случајно во социјалните мрежи честопати се дистрибуираше слика на „фикус“, алудирајќи на Иванов, симбол дека тој беше само украс и без политичка моќ. За да бидам реална, тој имаше моќ само да им наштети на судските и демократските процеси во Македонија со своите ирационални одлуки. Ќе треба да помине многу време за да се надомести штетата што и ја нанесе на оваа земја. Очекувам дека ќе има неколку судски постапки со кривични пресуди против него.“

Фани Каранфилова Пановска, директорка на Фондацијата Отворено општество – Македонија

Fani„За Иванов во изминатите два мандати може да кажеме дека не се докажа како претседател на сите граѓани, тој беше иницијатор и директен спроведувач на активности кои предизвикуваа поделби во нашето општество, на различни основи, не со покажа како човек кој може да делува над партиските ставови и да ги заштити интересите на државата и граѓаните. Ова го велам присетувајќи се на некои негови одлуки, почнувајќи со кршењето на уставот со аболицијата на криминалци, односно високи функционери на тогашната власт, а потоа со одбивањето да му го даде мандатот на новото парламентарно мнозинство за формирање влада, и продолжи со својот националистички вокабулар за заговор за Албанската Платформа што влијаеше на крвавиот напад во Собранието на 27 април и не потпишување на Законот за јазици и Преспанскиот договор.“

Фатмир Сулејмани, универзитетски професор и публицист

Fatmir-Sulejmani-e-re-e-madhe-250x167„Во галеријата на традиционално лоши лидери, Ѓорге Иванов беше нај траги-комичниот претседателот на бурлеската замислена како античка Македонија. Него го направи претседател и го задржа на тронот незнаењето и албанофобијата на другиот. За жал, ова суштество со душа од микроскопска димензија, без ниедна карактеристика на визионерски државник, демократа и одговорна личност, е само една од катастрофите на оваа земја, кои не треба да се повторат повеќе.“

Мерсел Билали, универзитетски професор

E75626C784327BD421903692A0B793F8-288x300„Иванов може да биде запаметен како уникатен примерок за функцијата претседател, за тоа како не треба да изгледа еден претседател, кој за жал сето ова време само ја играше улогата на демоде портпарол на владата. Тој во ниту еден сегмент, како носител на специјална извршна власт, немаше некое различно мислење од позициите на владата, а камоли за ставови каде што тој ќе мора да се спротивстави на нешто во владините политики и акции или да даде своја алтернативна визија. Со тоа тој го дефинира својот статус како спроведувач на многу озлогласени политики на власта на Груевски. Дури и по Груевски, тој продолжи по истиот каллив пат и без некоја цел. Особено ќе биде запаметен поради неговиот обид за амнестирање на носителите на организираниот криминал, што ја доведе државата до колапс без преседан, дури и за балкански услови. Исто така, ќе биде запаметен и за популистичките говори, дури и во ОН, со што уште повеќе го блокираше решавањето на спорот за името со Грција. Ќе биде запаметен за не потпишување на Законот за јазици и не ратификација на Договорот со Грција, што претставува драстично кршење на Уставот. И на крајот ќе биде запаметен по тоа што не делуваше, во ниту еден сегмент, во изградба на општи консензуси во многу сегменти на општествениот и политичкиот живот, со што држава се претвори во конфликтни ситуации во сите пори на општествениот живот и во функционирањето на институциите.“

Насер Зибери, правен експерт и познавач на политичките околности

Naser-Ziberi-250x125„Мислам дека двата мандата на Иванов се два изгорени мандати на функцијата претседател. Тој беше партиски милитант на ВМРО-ДПМНЕ, кој никогаш не успеа да излезе од рамките и канџите на овој субјект, а особено на поранешниот премиер Груевски. Во вториот мандат направи и дела кои може да го соочат со правдата, злоупотребувајќи ја службената должност како со аболицијата на голем број функционери на ВМОРО-ДПМНЕ осомничени за различни кривични дела, така и за не давањето на мандатот и за не потпишувањето на Законот за јазици и Преспанскиот договор. Иванов ќе биде запаметен како личност која немаше интегритет и достоинство за функцијата што за жал ја вршеше 10 години.“

Салајдин Салиу, универзитетски професор и публицист

Salajdin-Salihu-Salihi-250x167„Иванов ќе биде запаметен како политичка фигура без идентитет, кој никогаш не направи поделба помеѓу интересот на партијата и интересот на државата. Ко го памтиме како претседател кој одобруваше одлуки на една партиска структура.Ќе го памтиме за недостатокот на државничко чувство, за неговите често фолклорни и комични говори.“

 

Сефер Селими, директор на невладината организација „Democracy Lab“

Sefer-Selimi-250x162„Претседателот Иванов ќе биде запаметен за неговата лојалност кон партијата што го донесе на власт, на грбот на граѓаните и општото добро. Покрај потфрлувањето да го издигне нивото на должноста што ја извршуваше, не сакајќи тој и направи услуга на Македонија. Со намера да ги спаси функционерите инкриминирани во корупциски скандали преку аболицијата, тој го поттикна граѓански револт што доведе до промена на власта. Најверојатно ова е и единственото добро што дојде од него.“

Владимир Петрески, главен уредник на „Вистиномер“

Vladimir1-300x275„Иванов ќе биде запаметен, пред сè, како претседател кој слепо ја следеше линијата на ВМРО-ДПМНЕ, дури и откако излегоа на виделина прислушуваните разговори, кои содржеа сериозни индикации за незаконски дела од највисоките ешалони на оваа партија, а кои беа потврдени со првите судски одлуки во случајот „ТЕНК“. Иванов со години не искажа ниту една критика за однесувањето на раководството на ВМРО-ДПМНЕ, дури и за бегството на Груевски, за што и ден-денес молчи. Исто како што молчеше, на пример, и за проектот “Скопје 2014”. Молчењето е главната карактеристика на неговото владеење, чиј легитимитет и онака е под голем сомнеж знаејќи дека за време на парламентарните и претседателските избори во 2014 година, кога Иванов го доби вториот мандат, сите 100 кандидати за пратеници на СДСМ беа прислушувани, а исто така беше прислушуван и неговиот против кандидат, Стево Пендаровски.“

Џабир Ахмети, публицист

Xhabir-Ahmeti-11111-300x264„Јас би сакал Иванов да биде заборавен, да не биде запаметен, бидејќи тој беше меѓу најнекоректните претседатели кон државата најпрво, а потоа особено кон Албанците. Не ги почитуваше човековите права и беше дури и арогантен за многу важни прашања. Беше и пречка за напредувањето на државата кон ЕУ, и не дозволи државата да стане мултиетничка и слободна држава. Не се сеќавам на нешто добро од претседателот, па затоа би било подобро да го заборавиме како лош сон.“

Зоран Андоновски, главен уредник на новинската агенција „Мета.мк“

Zoran-300x296„Самото набројување на контроверзите околу Ѓорге Иванов се најдобриот коментар за тоа каков претседател беше тој една деценија: избран од ВМРО-ДПМНЕ, неприфатен од ДУИ; Велат дека тој бил идеен творец на антиквизацијата; Народната канцеларија во Скопје му беше запалена; Ја одобри најконтроверзната амнестија во историјата, која подоцна ја повлече; Не беше во земјата за време на Куманово; Одби да му го даде мандатот на Зоран Заев, а потоа му го даде: Одби да го потпише Законот за јазици; Не е јасна неговата улога во настаните од 27 април – дали сакал или не сакал да прогласи воена состојба? Сето ова фрла огромна сенка врз Иванов, за кого се смета дека повеќе беше татко на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, а не татко на народот.“

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.