fbpx

Спасовски: Aкцијата во кумановскo беше превентивна поради бегалската криза

-

Припадниците на полициските сили синоќа немаа никаква акција во регионот на Липково и Арачиново, туку дејствуваа превентивно поради мигрантската криза и обидите за илегално минување на границата, соопшти денеска од пред полициската станица во Матејче министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

– Синоќа немаше акција. Имавме зголемено присуство на овој терен во светло на кризата што ја имаме. Кумановско-скопскиот регион треба да биде под поголем надзор бидејќи овој регион е северен дел од границата и имаме често илегални преминувања – рече Спасовски.

Министерот рече дека не треба да се создава фама и страв кај населението, бидејќи ситуацијата е под контрола.

– Зголемено е присуството на терен зашто во овој период, тука и во регионот, ќе се соочиме со предизвици поради бегалската криза. Затоа, тука е зголемено полициското присуство. Не би сакал да се создава фама и страв кај населението затоа што нема потреба од тоа. Имаме соработка со населението во овој регион и сите треба да бидат спокојни бидејќи МВР ги презема сите потребни мерки – рече Спасовски, додавајќи дека денешната посета на Матејче има за цел да ги смири тензиите и да не се создава паника.

Спасовски ги демантираше информациите кои се појавија во дел од медиумите дека зголеменото полициско присуство е поради наводен влез на вооружена група од Косово, блиска до обвинетите за настаните во кумановската населба Диво Насеље.

– Шпекулации се дека влегла група. И претходно веќе кажав, станува збор за превентивно делување – рече министерот за внатрешни работи, додавајќи дека синоќа не се вршени никакви претреси.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...