понеделник, 16 февруари, 2026
Meta.mk

Ознака: Арачиново | 28 резултати

Поведена постапка против две лица кои му се заканувале на градоначалникот на Арачиново

4 февруари 2024

Јавното обвинителство поведе постапка против две лица кои му се заканувале на градоначалникот на Општината Арачиново. Тие телефонски го вознемирувале градоначалникот, а упатувале и закани преку пораки на Вибер. Според информациите од Основното јавно обвинителство Скопје, јавен обвинител повел постапка против двајца браќа за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело, загрозување на сигурноста […]

Густ чад над небото во Скопје, горат трска и ѓубре околу Арачиново

11 септември 2023

Небото над Скопје попладнево е зафатено од густ чад од активен пожар, којшто трае повеќе од два часа во близина на селото Арачиново. Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираат дека на терен се екипи на скопската противпожарна бригада за гаснење на пожарот. Како што информираат од ЦУК, чадот што се издигнува е од […]

НАТО и „парамилитарните кримоси“ во Арачиново – класична дезинформација

13 декември 2022

Станува збор за анти-НАТО дезинформациска реторика насочена кон поткрепа на програмските цели и дејствувањето на партијата Левица, која создава/шири дополнителна недоверба во институциите на државата („недопирливи“), но и во меѓуетничките односи, зашто може да се поврзе и со настаните од јуни 2001 година. Тврдењето кое како утврден факт беше пренесено на некои онлајн медиуми со […]

Кривична пријава поради непочитување на мерките за заштита од ковид-19, била организирана свадба во Арачиново

23 октомври 2020

Синоќа околу 21 часот полициски службеници од СВР Скопје и инспектори од Државниот пазарен инспекторат извршиле контрола во врска со почитување на мерките за заштита од корона вирусот, во угостителски објект во Арачиново. Притоа, во објектот се одржувала семејна веселба (свадба), на која биле затекнати 200 лица. „Од страна на Државниот пазарен инспекторат и Министерството […]

Полицијата апсела во Гази Баба, Синѓелиќ и Арачиново барајќи дрога

10 мај 2019

Во голема полициска акција вчеравечер и ноќеска, полицијата извршила претреси на повеќе локации и домови во Гази Баба, Арачиново и Сингелиќ, а привела и неколку лица. Повеќе детали се најавени за денеска. Акцијата во интервју за телевизијата „21“ ја потврди и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, но не сакаше да дава повеќе детали. – […]

Градоначалничката на Арачиново го осуди нападот на екипата на ТВ 21

18 април 2019

По вчерашната осуда од Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и од Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и барањето до сите институции инцидентот со екипата на ТВ 21 во Арачиново веднаш да биде расветлен, попладнето со реакција се јави градоначалничката на Арачиново Миликије Халими. Таа се придружува на осудите и бара целосно […]

Општина Гази Баба одбележува две години од поплавите

6 август 2018

Општина Гази Баба, денеска ќе одбележи две години од природната катастрофа со поплави во кои загинаа 22 лица, од реоните на селата Сингелиќ, Стајковци, Смилковци и Арачиново, кога на 6 август 2016, скопскиот регион беше погоден од обилни врнежи од дожд и силен ветер. Одреден дел од лица ги загубија животите на скопската обиколница. По […]

Во напуштена куќа во Арачиново пронајдени девет минофрлачки гранати

5 март 2018

Девет минофрлачки гранати биле пронајдени вчера попладне во дворот на напуштена куќа во Арачиново, соопшти СВР Скопје. Случајот вo полиција го пријавил скопјанец, по што интервенирале  екипи од Одделот за недозволена трговија и антитероризам.  Полицијата врши истрага за случајот.

Пронајдени 150 килограми дрога во Арачиново

9 јануари 2018

При претресот на куќа и помошни простории на двајца осомничени во Арачиново, вчера биле пронајдени околу 150 килограми разновидни материи, за кои се претпоставува дека се наркотични дроги, соопшти Основното јавно обвинителство (ОЈО) – Скопје. Обвинителството учествувало во акцијата спроведена од СВР Скопје и Секторот за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи на […]

Маж се заканил дека ќе ја запали зградата на Општина Арачиново

24 ноември 2017

Вчера попладне, во канцеларијата на градоначалникот на Општина Арачиново влегол маж и се заканил дека ќе ја запали општинската зграда, по што заминал. Како што извести полицијата, случајот бил пријавен вчера, пет часа по заканата.

Каменуван автобус на надвозникот меѓу Маџари и Ченто, повредена патничка

20 октомври 2017

Околу час и половина по тепачката кај Битпазар вчера, на надвозникот кај „Агросервис“ меѓу населбите Маџари и Ченто бил каменуван автобус кој сообраќал на линијата 55, кој се движел кон Арачиново, соопшти СВР Скопје. Инцидентот бил пријавен в полиција во 22.40 часот, при што било кажано дека додека автобусот се движел на надвозникот, група од […]

Активисти на Беса пријавиле пукање во Арачиново

9 октомври 2017

Активисти на партијата Беса синоќа пријавиле во полиција дека додека лепеле плакати во селото Арачиново, во нивна близина застанало возило „голф“, од кое непознато лице истрелало еден куршум од огнено оружје, по што заминало во непознат правец. Активистите, како што информираат од МВР, на местото нашле чаура, која ја однеле во полициското одделение во Арачиново. […]

СДСМ во Арачиново за локалните избори ќе ја кандидира Милитие Халими

1 септември 2017

Премиерот Зоран Заев денеска при посетата на Арачиново, по повод Курбан-бајрам, соопшти дека СДСМ на претстојните локални избори за градоначалник ќе ја кандидира Милитие Хаилими. – Во Арачиново ќе настапиме со член на СДСМ, почитуван во општеството. Ќе настапиме со жена Албанка, Милитие Халими, која со семејството потекнува од ова место. Утврдивме 70 отсто од […]

Две жртви во сообраќајки во Арачиново и на автопатот Градско – Велес

21 јуни 2017

Две лица ги загубиле животите во сообраќајни незгоди што се случиле вчера, соопшти МВР. Првата сообраќајка се случила околу 17.30 часот, на улицата 1 во селото Арачиново. А.С. (29) од Арачиново, кој управувал со џип „мерцедес“, удрил во С.Ш. (60), кој починал веднаш, и во едно шестгодишно дете, кое било пренесено во Ургентен центар Скопје. Откако  […]

ВМРО-ДПМНЕ: Заев нема да успее во реализацијата на тиранската платформа

11 мај 2017

ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека Зоран Заев го претворил СДСМ во „криминално-мафијашка структура“. Партијата нагласува дека пратеникот на СДСМ, Мухамед Зекири, се фотографирал со дел од членовите на семејството Гаци, кои, како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, „се познати по брутални криминали на Косово“ и порачува дека овој пратеник „е директната врска на Зоран Заев со структурите […]

Разбојници украле актовка со 120.000 евра

28 март 2017

Жител на Арачиново ноќеска останал без 120.000 евра, пари што пред два месеца ги добил од продажба на нива, соопшти СВР Скопје. Случајот бил пријаван во 5.15 часот утрово. Пријавувачот, 20-годишен син на ограбениот арачиновец, на полицијата ѝ кажал дека три непознати маскирани лица, вооружени со пиштол, ноќеска преку незаклучена влезна врата влегле во куќата, а […]

ДУИ најави основање на институт за надзор на употребата на албанскиот јазик

24 ноември 2016

Носителот на кандидатската листа на Демократската унија за интеграција (ДУИ) во iзборната единица 6, Џеват Адеми, денеска најави основање на институт за надзор на службената употреба на албанскиот јазик. Институтот ќе функционира во форма на инспекторат, кој ќе се грижи за заштита и за соодветна употреба на албанскиот јазик и ќе придонесе за јазична рамноправност, […]

Искршени прозорците на штаб на СДСМ во Арачиново

7 ноември 2016

Од непознато возило во движење, непознати лица фрлиле разни предмети кон прозорците при што искршиле четири прозори од партискиот штаб на СДСМ во Арачиново. Случајот го пријавил во полиција И.Ф. од Арачиново, кој е сопственик на куќата каде што се наоѓа партискиот штаб, а според полициските информации, настанот се случил околу 5 часот утрово. Полицијата […]

Омбудсманот ги повика партиите да не го злоупотребуваат МВР

27 март 2016

Народниот правобранител, Иџет Мемети оцени дека петочната полициска акција во Арачиново и Липково имала за цел да го заплаши населението и додаде дека вчерашната изјава на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски била конфузна, јавува „Алсат-М“. Според Мемети, неприфатливо е полициските акции да траат со денови, а населението да на знае што се случува. – […]

Спасовски: Aкцијата во кумановскo беше превентивна поради бегалската криза

26 март 2016

Припадниците на полициските сили синоќа немаа никаква акција во регионот на Липково и Арачиново, туку дејствуваа превентивно поради мигрантската криза и обидите за илегално минување на границата, соопшти денеска од пред полициската станица во Матејче министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. – Синоќа немаше акција. Имавме зголемено присуство на овој терен во светло на кризата […]

Страна 1 од 2