fbpx

Совет на Општина Тетово – 15 отсто поголем приход и 29 отсто поголем расход на комуналното претпријатие

-

Да се реши проблемот со сообраќајниот хаос во градот и да се работи на намалување на криминалот, побараа советниците од ДПА на денешната 23. седница на Советот на Општина Тетово, каде се избра нов командир на полициската станица во Тетово. Советниците од ДПА гласаа против финансискиот извештај на Јавното комунално претпријатие за 2014 година, во кој стои дека претпријатието остварило 15 проценти поголеми приходи во споредба со 2013 година.

– Велат дека работат домаќински и ги зголемуваат приходите на претпријатието, но забораваат дека во август 2014 година ги зголемија сметките за комуналии, а продадоа и деловен објект, поради тоа и логично е зголемен нивниот буџет. И покрај тоа, во 2014 година вкупните расходи на комуналното претпријатие се зголемени за 29 проценти, а ако овој тренд продолжи и понатаму, во 2015 година ова претпријатие ќе работи со големи загуби – изјави Дурим Љума, советник од ДПА.

Директорот на Јавното комунално претпријатие „Тетово“, Џелал Цека, вели дека расходите на претпријатието се зголемени како резултат на купување нова механизација.

– Нашето претпријатие купи четири нови камиони за транспортирање смет, а во 2014 година почнавме со наши средства да го транспортираме сметот до регионалната депонија Русино – истакна Цека.

Со 27 гласа „за“ и ниту еден „против“, на денешната седница како последна точка од дневниот ред, беше усвоена предлог-одлуката за давање согласност за покривање на финансиските загуби на Јавното комунално претпријатие „Тетово“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...