Собрани парите за погреб на момчето што во саботата загина кај Католичка црква во Скопје

-

Собрани се средствата потребни за погребот на момчето што во саботата го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Католичка црква во Скопје. По несреќата, пријателите на починатиот испратија апел за донација затоа што родителите на момчето не биле во можност да го платат погребот.

Тие на социјалната мрежа „Фејсбук“ објавија дека не се потребни повеќе пари затоа што неопходните средства се собрани.

Погребот на Иван е закажан за денеска.

Мета факт: Не е прв пат во последните 7 години просечната плата да има пад на месечно ниво

Поранешната министерка за труд и социјална политика Јована Тренчевска и сегашна пратеничка на Социјал-демократскиот сојуз на Македонија во изјава за медиумите посочи оти „за прв пат после седум години...