Здружението на граѓани за помош на бездомници и социјално загрозени семејства „Љубезност“ отвори сметки за донации за 650 деца на кои им треба помош и кои имаат потреба училишен прибор.
„Оваа година 650 дечиња имаат потреба од училишен прибор и ранци за да можат непречено да следат настава. Има три опции на донирање: лично да оставите училишен прибор во Среќа бар или во канцелариите на Љубезност, да се јавите на телефонски броеви за донации или да донирате на сметка“, соопштија од „Љубезност“ на социјалната мрежа Х.
На телефоните 070 143 100 (Телеком) и 143 505 (А1 Македонија) може да се донираат 100 денари за деца кои потекнуваат од семејства од социјален ризик.