fbpx

Со свирежи и со врева, граѓаните побараа оставка од Груевски пред неговиот дом

-

Неколку стотини граѓани со свирежи од труби, свирчиња, тапани и со врева предизвикана од удари по тенџериња и по капаци, денеска протестираат пред зградата во која живее премиерот Никола Груевски, барајќи негова оставка.

Од движењето „Граѓаните за Македонија“, на протестот кој се одржува под мотото „Ука, бука! Никола, слушни ги бомбите и оди си“, пуштија и дел од веќе објавените прислушувани разговори.
Организаторите велат дека со снимките сакаат да го потсетат премиерот на неговите, наводни злодела, како и на наводните злодела на министри од неговиот кабинет.

Демонстрантите со транспаренти, на кои се испишани цитати од дел од прислушуваните разговори на министрите, бараа оставка на Груевски и на неговата влада и порачаа дека игнорирањето нема да ги натера да запрат, туку, напротив, ќе продолжат да вршат притисок.

– Ќе продолжиме да протестираме и ќе почнеме да применуваме и други методи за притисок, доколку не сака вака, на мирен начин, да си замине – изјави пред протестот Џелал Хоџиќ од невладината организација „Цивил“.

Полициски кордон ја обезбедува зградата на премиерот, а протестот засега се одвива мирно.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Репортери без граници: Македонија најдобра од земјите во регионот, дезинформациите остануваат проблем

Македонија годинава се искачи за две места погоре според Индексот на слобода на медиумите на „Репортери без граници“, со што е рангирана најдобро од земјите во регионот. Земјава се...