fbpx

Словенечките демонстранти го објаснуваат антикорупциското велосипедско движење со песна

-

Една словенечка протестна песна, со блага мелодија некарактеристична за жанрот, стана вирален хит на Балканот, известува „Глобал војсис“.

Нејзините автори ја опишуваат песната како:

„Протестна песна против корупцијата, против злоупотребата на моќ, против насилството против граѓанките и граѓаните, против насилството кое истовремено е насочено и против демократијата и против различностите.“

Илјадници велосипедисти учествуваат на неделните протести на улиците на словенечката престолнина Љубљана и други градови против партијата која дојде на власт на 13 март 2020 г.

Песната „10.000 велосипеди во Љубљана“ од групата „Прешерне мисли“, има верзии на словенечки и англиски јазик, објавени на Јутјуб-каналот „Бајк Штрајк“ (Bajk Štrajk).

Владата на Република Словенија ја води контроверниот премиер Јанез Јанша, кој се има вратено на политичката сцена по минати шест месеци во затвор во 2014 година заради правосилна пресуда за примање поткуп.

Неговата Словенечка Демократска Партија е дел од неформалната мрежа на илиберални популистички и про-автократски партии предводена од унгарската владеачка партија Фидес на Виктор Орбан.

Владата на премиерот Јанша објави нов „закон против Короната“ на 30 април, декларирајќи дека негова цел е да го заштити здравјето на граѓаните и „да ја врати економијата во живот – особено градежништвото“.

Арно ама, во законот владата има прокриумчарено и низа мерки кои се во спротивност со заштита на животната околина, предизвикувајќи протест од еколошки организации.

Според БрдЛајф интернешнал, меѓународна алијанса чија цел е заштита на птиците:

„Овој нов закон е толку забеган, што беше побарано мислење од Уставниот суд на Словенија. Негови делови може директно да го нарушуваат и Словенечкиот устав и Архуската конвенција.“

Протестната песна исто така се буни против создавањето идеолошки поделби меѓу народот преку сеење раздор и нетрпеливост од страна на владеачката партија, што вклучува и промоција на говор на омраза од страна на медиумите поврзани со неа.

„Престанете да не делите на полoвина
Како со бразда
Десница или левица
Тој раздор ви служи како изговор.“

На 27 март „Репортери без граници“ и шест други организации кои се борат за слобода на медиумите предупредија дека словенечкиот истражувачки новинар Блаж Згага е цел на кампања на омраза поддржана од владата на социјалните мрежи и во медиумите.

Кампањата започнала откако Згага до властите во Љубљана поднел официјално барање за слободен пристап до информации од јавен карактер во врска со пандемијата Ковид-19.

Меѓународните и локални граѓански организации побараа од Европската Комисија  да стори сè што е во нејзина моќ за да ја гарантира безбедноста на Згага и да се погрижи дека словенечките власти со сета потребна сериозност ќе ги решат случаите на смртни закани и нападите врз новинарот.

„Протестираме мирно
Со маски на нашите лица
Наспроти епидемијата
Треба да се каже гласно дека е доста!“

Културен контекст и основи

Словенечката велосипедиска протестна песна е верзија на песната „Девет милиони велосипеди“ (“Nine Million Bicycles”) напишана и продуцирана од Мајк Бат во 2005 година за грузиско-британската пејачка и кантавторка Кејти Мелуа.

Словенците исклучително се гордеат со нивното културно наследство, особено со јазикот и неговото изразување преку поезија и други видеови литература.

Името на групата „Прешерне мисли“ може да се преведе како „Храбри и добронамерни мисли“, а истовремено буди асоцијација со презимето на Франце Прешерн, почитуван поет од ХХ век чии дела се сметаат за европски класици, а некои од нив беа дел од наставата по литература низ цела бивша Југославија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Забраната за примање невакцинирани деца во градинка во време на епидемија, не е дискриминација

Со објавата се шири паника и се обвинуваат здравствените власти, иако станува збор за стандардно постапување кое поради недоволен вакцинален опфат беше применувано и во 2019 година, кога имаше...