Skyrim конечно доби multiplayer мод што функционира глатко

Слика од The Together Team

Skyrim конечно добива и multiplayer опција со Co-op тип на игра. Ова е мод наречен “Skyrim Together Reborn mod” тип на модови што веќе некое време постои, но последната вест е дека е токму овој мод е исполиран до перфекција и функционира одлично. Најновата верзија од овој тип на модови излезе пред неколку дена и Skyrim повторно добива на популарност со голем број нови видеа на „Јутјуб“.

Овој додаток дозволува групирање на играчи за заедничко правење на „квестови“ каде лидерот на групата е иницијатор на дијалозите додека другите од групата ги гледаат и потоа играат сите заедно. Исто така, обезбедува и играње PvP против други играчи.

Модот има опција за слободно телепортирање до било кој друг играч што ќе го одберете во групата. Бројот на телепортирања е неограничен и може да се прави во било кое време до било кој играч во групата. На пример, ако се другите членови веќе влезени во “Dungeon”, а вие сега се приклучувате и сте во град или во дивина, можете веднаш да се телепортирате до групата што е во пештера или во зандана. Напредокот на групата за победени чудовишта е малку испомешан и еден од баговите е ако стане лидер некој што нема исчистено поголем дел од инстанцата, може да се ресетираат и да оживеат непријателите. Поради ова има и редок баг што прави одредени чудовишта да станат неранливи. 

Но, освен тоа сè си функционира глатко. Ако еден од играчите отклучи ковчег со “lockpicking” ковчегот и сета негова содржина е достапна за сите играчи. Ако загине некој од играчите, oживува на истото место каде што загинал. Исто така и модовите за “spawn” на чудовишта функционираат и се употребуваат да се создадат „босови“ против кои целата група може да се бори или едноставно да се употребува за забава. Сето ова нуди PvЕ искуство како да играте MMO игра, што е мерак да се прави на Skyrim.  

Исто така и најинтересниот дел од multiplayer-от e и можноста за PvP односно играњето на играч против играч. Изненадувањето е што и оваа важна опција функционира глатко. Можете да правите дуели против вашите пријатели или пак да се борите во групи “free for all”.

Но, ќе се запрашате што се случува ако се употребат и други модови за употреба на специјални оружја што се “fan made”, како на пример Lord of The Rings модот за оружја или оној за оружјата од Conan модот?

Како позитивно изненадување е што и сите други модови за измени се компатибилни со multiplayer модот. Односно можете во PvP да употребувате и оружја од други модови иако и тие би ви дале значителна предност, но можат и вашите противници да го прават истото така што тоа се балансира по договор и не се смета за мамење. Играчите можат да левелираат „скилови“ за оружја и магии и кога играат против други играчи. 

Сега за сега овој мод функционира само за најновата верзија на Skyrim односно од Special Edition нагоре, на пример модот не може да се примени ако имате претходни верзии како Skyrim Legendary Edition и само првата основна Skyrim. И мора да ја имате купено The Elder Scrolls V: Skyrim Special Edition преку Steam и да го употребите модот преку официјалниот Nexus за модови.

P.S. Повеќе за Skyrim можете да прочитате и во наши претходни написи.