fbpx

СКСЗM: Згoлемувањето на цената на струјата ги оптоварува бизнисите и граѓаните

-

Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗM) проценува дека зголемувањето на цената на електричната енергија за 7,42 отсто претставува потешкотија за деловните субјекти и за граѓаните и затоа оваа одлука треба да се укине, информира Порталб.мк.

„Цениме дека, зголемувањето на цената на струјата, во овој период на криза, претставува дополнителна потешкотија за деловните субјекти и за граѓаните. Ова зголемување потенцијално може уште повеќе да го дестимулира производството затоа што ги зголемува трошоците за производство, а истовремено го оптоварува буџетот на граѓаните и може да влијае на нивото на општата потрошувачка, доколку овие цени останат подолго време“, вели за Порталб.мк, Дурим Зекири од СКСЗМ.

Тој додава дека следејќи го примерот на развиените европски земји кои во овој период на здравствена и економска криза овозможуваат олеснувања, одлуката за зголемување на цената треба да се укине.

„Многу развиени земји во Европа и пошироко го направија токму спротивното, ги намалија цените на електричната енергија со цел да им овозможат на компаниите полесно да се справат со економската криза од ковид-19. Наш став е дека секоја одлука со која може да се оптоварат бизнисите, треба да се елиминира, и дека ваквите пречки само го одолговлекуваат излезот од кризата“, вели Зекири.

Регулаторната комисија за енергетика на Северна Македонија не даде сигнали дека ќе ја намали цената на електричната енергија за домаќинствата, што во ек на здравствена и економска криза ја зголеми за 7,42 отсто, иако граѓаните кои протестираа минатата недела ѝ дадоа ултиматум да ја укине одлуката и да ја намали цената за 20 отсто.

Во спротивно, рекоа дека ќе ги блокираат главните патишта на градовите и нема да бидат одговорни за последиците. Остануваат уште 8 работни дена од ултиматумот.

„Координирани заедно за протести и за натамошни активности во врска со цената на струјата и други проблеми на оваа тема, денес во Тетово се сретнавме со организационите одбори на протестите во Тетово, Скопје, Гостивар, Дебар и Кичево.  Иако членовите од Куманово не беа физички присутни, тие се подготвени да ги координираат сите активности според она договореното. Во меѓувреме, работиме на мобилизација на Струга и на Битола. Останаа уште 9 работни денови“, објави Арјанит Џафери, активист за граѓанско општество, вчера на Фејсбук, по одржувањето на состанок за координација на протестите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...