fbpx

Шулц се надева на договор за бегалците

-

Претседателот на Европскиот парламент, Мартин Шулц, денеска изјави дека очекува членките на Европската унија да договорат заедничка политика за решавање на бегалската криза.

– Ќе има дискусии, но на крајот ќе се договориме за план за раселување бегалци – рече Шулц во интервју за германското радио „Дојчландфунк“.

Изјавата на претседателот на ЕП доаѓа еден ден пред вонредниот состанок на министрите за внатрешни работи и за правда на земјите-членки на ЕУ во Брисел.

Министрите вторпат во последните осум дена расправаат за контроверзниот план на Европската комисија за релокација на околу 120.000 бегалци од камповите во Грција, Италија и во Унгарија, врз основа на задолжителните квоти што ги одреди ЕК.

Планот минатата недела предизвика жесток отпор кај земјите од Средна и од Источна Европа, кои не сакаат Брисел да им диктира колку бегалци треба да примат.

На истата тема, во Брисел, в среда ќе разговараат и шефовите на држави и на влади, на вонреден состанок, кој го свика претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Столе Попов е добитник на наградата „Златен објектив“ за 2024 година

Столе Стојан Попов е овогодишниот добитник на наградата „Златен објектив“ која се доделува секоја година на 29 април по повод роденденот на Кинотека на Северна Македонија. Признанието „Златен објектив“ се...