fbpx

Шекеринска за „Канал 77“: Нема ниту еден снимен разговор Груевски – Мијалков!

-

Потпретседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, при гостување на „Канал 77“ во емисијата „Стадион“, рече дека еден од доказите кој прислушувал е што нема ниту еден разговор од мобилните телефони на премиерот Никола Груевски и на директорот на УБК, Сашо Мијалков.

Според Шекеринска, јасно е дека прислушувањето се правело за да се држи контрола над опозицијата, но и над „нивните“.

Објавените материјали се многу мал дел од тоа што го поседува СДСМ, рече потпретседателката Шекеринска, која, сепак, не откри уште колку од снимките ќе се презентираат пред јавноста.

– Ќе ме разберете ако кажеме дека наредните наши чекори не сакаме да ѝ ги најавуваме на јавноста, бидејќи власта веднаш презема чекори да ги сузбие. Онаа смешна прес-конференција во која премиерот го демантираше сопственото Министерството за внатрешни работи, покажува дека власта прави такви работи и не би се изненадиле да го прави истото и во иднина. Клучно е вистината да излезе на виделина. И второ, на власта ќе ѝ покажеме дека Македонија не е со нив. Веќе почнавме да делиме материјали по руралните средини бидејќи во одделни места, вистината е таа што ја сервира МРТВ, зашто ништо друго не гледаат и за нив „бомбите“ не постојат – рече Шекеринска.

Слушателите се интересираа за тоа дали има докази за изборни нерегуларности во повеќе општини во Македонија, како Кичево, Ресен, Кочани, Берово, Прилеп… Шекеринска потврди, но рече дека засега се подготвени материјали од покарактеристичните нерегуларности за кои и тие укажувале во текот на изборите.

Шекеринска ги оспори тврдењата дека меѓународната заедница е пасивна по објавувањето на снимките.

– Меѓународната заедница е запрепастена од обемот на погазување на правото и веќе видливо покажува дека вакво однесување е неприфатливо од земја-кандидат. Ќе има одредени обиди да ни помогнат, но ние не сакаме спасот Македонија да го бара надвор од државата. Решението, клучот на нашите проблеми, е кај нас. Не кај нас, како СДСМ, туку кај македонските граѓани. Утре, кој било Европеец ќе дојде и ќе си замине од Македонија, ама нашиот живот и татковина е една – рече Шекеринска.

На прашањето за улогата на Германија и на канцеларката Ангела Меркел во можното решавање на ситуацијата, Шекеринска вели:

– Не очекувам директно вмешување и не веднаш. Сите очекуваме да дојде некој од бајките и со волшебно стапче сè да реши. Нема такво. Пораката на Груевски е испратена, не на состаноците, туку со откажување на состаноците. Јункер доаѓа од неговата сестринска партија. Намерно ја најавија и намерно ја откажаа. Тоа се јасни политички пораки, друго е колку Груевски сака да ги прочита тие пораки. Добро е што меѓународната заедница отворено вели дека на Македонија сака да ѝ помогне – рече потпретседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, при гостувањето во емисијата „Стадион“ на „Канал 77“.

В.К.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За прв пат во земјава е регистрирана епидемија на ХИВ кај одредена популациона група

Според резултатите од последното истражување од 2018 година, кај мажите кои имаат секс со мажи во Скопје, проценетата преваленца е 5,4 отсто, што значи дека во РСМ за прв...