fbpx

Груевски во Битола: Заев ја претвори државата во реално шоу за странски сеирџии и за профитери

-

Зоран Заев и СДСМ ни ја претворија државата во вулгарно реално шоу, со кое се забавуваат странски сеирџии и профитери однадвор. Вака лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, пред битолчани ја претстави сликата за Македонија по аферата со масовното прислушување во државата што ја обелодени СДСМ.

Груевски се прашува зошто ако прислушувањето било нарачано пред четири години, дури сега се обелоденува.

– Ете нè среде демонстрација на вулгарно бесчестие, кое сакаат да ни го продадат како борба за слобода и за демократија – посочи премиерот.

За народниот собир на ВМРО-ДПМНЕ во спортската сала во Битола, иако беше најавен и за граѓаните од пелагонискиот и од демирхисарскиот регион, не се успеаја да се исполнат столчињата докрај. Еуфоријата изостана, а граѓаните реагираа единствено на споменувањето на името на лидерот на СДСМ, Заев.

Зборувајќи за аферата „Пуч“ и за масовното прислушување, Груевски рече дека „со ваквото сценарио на СДСМ, ќе останеме без Македонија и ние самите ќе станеме нечии потстанари“.

– Тоа нема да го дозволиме, како и да е спакувано и продавано. Ако не ги убедиме и во ваков формат, тогаш ќе маршираме, ќе одиме на референдуми, на крајот ќе мора да нè видат – порача Груевски.

Македонија е суверена држава, а не квислиншка творба, подвлече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ од Битола, напомнувајќи дека секоја еден без оглед дали е однадвор или однатре, мора да ги почитува граѓаните, Уставот и законите.

„На овие теми ние немаме точка на топење“, рече тој, напомнувајќи дека „во прашање е нашиот опстанок и нашите права на постоење“.

– Зоран Заев и неговите следбеници залудно ќе чекаат трговија, нема трговија. Ние нема да учествуваме во сценарија кои имаат цел да го премостат народот. Ние сме свесни за нашите грешки и знаеме како да ги исправиме, одговорно, слушајќи го народот, но нема да има простор за заташкување на скандалот кој самите го конструирале – истакна Груевски.

Премиерот вети дека Владата нема да дозволи државата да биде втурната во граѓанска војна, дека нашата судбина е соживот и затоа упати јасни пораки до граѓаните и до членовите на ВМРО-ДПМНЕ, да не подлегнуваат на провокации и на пропагандата на СДСМ.

На битолчани им се обрати и пратеникот Антонио Милошевски, кој рече дека аферата на СДСМ со наводното прислушување ќе помине како онаа народната „Секое чудо за три дена“.

– Целта на ВМРО-ДПМНЕ е да донесе што повеќе странски инвестиции во Република Македонија, а целта на Заев и на Шекеринска е да донесат што повеќе странски разузнавачи во Македонија – рече Милошевски.

А.Б.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Распишан конкурс за наградата „23 Октомври“

Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“, распиша конкурс за доделување на државната наградата за 2024 година. „Со државната награда се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа...