fbpx

Сешнс имал тајни средби со рускиот амбасадор, демократите бараат негова оставка

-

Шефот на демократите во Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, денеска го повика министерот за правда, Џеф Сешнс, да поднесе оставка. Алелот доаѓа откако весникот „Вашингтон пост“, повикувајќи се на службеници од Министерството за правда на САД, објави дека Сешнс не ги пријавил неговите две средби со амбасадорот на Русија, Сергеј Кисљак, што се одржале пред американскиот претседател Доналд Трамп да стапи на функција.

Пелоси, освен оставка на министерот, кој воедно е и главен обвинител на САД, повика и на независна двопартиска истрага за врските на Трамп со Русија.

Сешнс се сретнал со Кисљак во периодот кога тој сè уште бил сенатор, но тој не ги пријавил овие средби при распрашувањето во Сенатот, кога беше избран за министер.

Според „Вашингтон пост“, една од средбите била приватен разговор меѓу тогашниот сенатор Сешнс и рускиот амбасадор Сергеј Кисљак и се одржала во септември во канцеларијата на сенаторот. Весникот потсетува дека во тоа време беше пикот на сајбер-кампањата за руското влијанието врз претседателските избори во САД, а која ја отвори американското разузнавање.

Сешнс ги негираше овие тврдења на весникот и изјави дека „никогаш не се сретнал со никакви руски претставници да разгледува прашања од предизборната кампања“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Патот до слободниот пристап до информации поплочен со тужби, нетранспарентност и молк од администрацијата

Колкава плата зема одреден министер, директор, функционер? Колку пари потрошиле пратениците за патни трошоци? Колку судски пресуди се донесени за семејно насилство? Колку чинело новогодишното украсување за секој град...