СЕММ: 70 отсто од жалбите за непрофесионално известување се за корона вирусот

-

Советот за етика во медиумите (СЕММ) со загриженост реагира на зачестените случаи на неетичко и непрофесионално известување, а особено на ширењето шпекулации кај одредени медиуми во врска со пандемијата на корона вирусот, што дополнително би можело да влијае врз натамошно зголемување на загриженоста и вознемиреноста кај јавноста заснована на неточни информации и сензационализам, информираат од таму.

„Од моментот на прогласување на вонредната состојба до денес, до Комисијата за жалби при СЕММ се пријавени 27 случаи на непрофесионално и неетичко известување. Од нив, најголем дел (19 жалби или 70 отсто од случаите) се однесуваат на известувањето околу пандемијата на коронавирусот. Прекршување на членот 8 од Кодексот на новинарите, односно сензационалистичко информирање, како и на член 1 кој се однесува на објавувањето точни и проверени информации е утврдено во 32 проценти од пријавените случаи.На уредниците им укажуваме дека сензационалистичкото известување во јавноста нема предност над професионалното и етичкото известување, а медиумите треба да дејствуваат на начин што ги разликува од обични преносители на информации и факти и да ја применат и својата улога како смирувачи на вознемиреноста кај граѓаните со професионално информирање,“ се вели во соопштението на СЕММ.

Од таму додаваат дека јавноста реагира и на обидите за политизирање на кризата околу корона вирусот во медиумите, а во дел од пријавените случаи до СЕММ утврдено е дека новинарите не обезбедуваат професионална дистанца од политичките субјекти, односно се прекршува член 14 од Кодексот на новинари (32 проценти).

„Медиумите не смеат да бидат искористувани за поделба на луѓето преку различни политички пресметки, а корона вирусот не смее да биде „оружјето“ што ќе се користи од кои било политичари, без разлика дали станува збор за власт или опозиција, за политичко поентирање. Новинарите мораат да внимаваат и на начините на кои ги објавуваат и преземаат агенциските вести и информациите од странски медиуми, особено кога се засноваат на официјално непотврдени информации коишто во одредени случаи се користат како извесен епилог од кризата. Во дел од случаите пријавени до СЕММ уште во самите наслови не се наведува изворот на информацијата, со што се добива впечаток дека се работи за очигледен факт,“ апелираат од СЕММ.

foom-logo-disklejmer

Текстот е изработен во рамки на проектот „Опсерваторија на медиумските реформи“, што го спроведува Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, со финансиска поддршка на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.

Содржината на текстот е единствена одговорност на авторите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.

Целосно блокиран патот кон Кожув, граѓаните не дозволуваат багерите да стигнат до Дошница

Пристапот кон реката Дошница на планината Кожув ќе биде под целосна блокада, најавија граѓанските здруженија кои се борат против изградбата на две хидроцентрали на оваа река. Тие велат дека пристап кон...

Земјотрес ги погоди Валандово и Струмица

Земјотрес со јачина од 3 степени го погоди регионот на Струмица и на Валандво, соопштија во Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје . „Телеметриската сеизмолошка мрежа, на сеизмолошките станици инсталирани ширум...

Дизелот поскапува за половина денар, бензините поевтинуваат

Од ноќеска, бензините поевтинуваат за денар и половина, а дизел горивото поскапува за половина денар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС - 95 ќе чини 74 денари...

Едно лице почина во пожар кај реката Лепенец во Ѓорче Петров

Во пожар кој вчера зафатил неколку штали и помошни простории близу реката Лепенец во Ѓорче Петров, изгорело едно лице и добиток, потврдуваат во Министерството за внатрешни работи (МВР). „Вчера во 18 часот...

Целосно блокиран патот кон Кожув, граѓаните не дозволуваат багерите да стигнат до Дошница

Пристапот кон реката Дошница на планината Кожув ќе биде под целосна блокада, најавија граѓанските здруженија кои се борат против изградбата на две хидроцентрали на оваа река. Тие велат дека...