Од Националната опера и балет ќе сошијат и донираат 1.000 заштитни маски

Соработници во шивалните на Националната опера и балет ќе изготват 1.000 заштитни маски кои во соработка со Кризниот штаб на Владата, ќе ги донираат за оние на кои им се најпотребни.

„На овој начин, Националната опера и балет и практично придонесува во борбата против светската пандемија на коронавирусот, покрај редовното споделување на оперско-балетскиот репертоар на нашиот YouTube канал“ – велат од НОБ.

Националната опера и балет веќе донираше 162 заштитни маски од свое производство за вработените во Министерството за култура, акција која ќе продолжи и овие денови.