Семејно насилство во Скопје: 28-годишник од Ново Лисиче осомничен дека ја убил својата баба

Настанот бил кобен за повозрасна жена, која била насилно убиена во семејниот дом, односно според првичните сознанија таа најпрво била физички нападната а потоа задушена

-

Во четвртокот во скопската населба Ново Лисиче се случила домашна трагедија во која било вклучено семејно насилство. Настанот бил кобен за повозрасна жена со иницијали Л. Т. (73), која била насилно убиена во семејниот дом, односно според првичните сознанија таа најпрво била физички нападната а потоа задушена.

„На 18 јануари, во семејниот дом во Ново Лисиче, при вршење семејно насилство, осомничениот со умисла ја лишил од живот својата баба“, соопштија обвинителите. Тие додаваат дека покренале истражна постапка за 28-годишник од Скопје, и тоа за кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик.

„Според првичните сознанија, тој ја нападнал удирајќи ја по главата и вратот, а потоа ја задушил“, велат од обвинителството.

Министерството за внатрешни работи, пак, соопшти дека поднеле кривична пријава против осомничениот убиец со иницијали Б.С.(28) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“.

„По преземени мерки и активности и извршена обдукција било констатирано дека Б.С. физички ја нападнал својата баба Л.Т.(73),  која починала од здобиените повреди“, велат од МВР.

Јавниот обвинител веќе поднел предлог до судијата на претходна постапка, од Основниот кривичен суд Скопје да изрече мерка притвор против осомничениот. Како што велат обвинителти, „бидејќи постои опасност тој да се даде во бегство, да влијае врз сведоците и вештаците или да изврши друго убиство“.

Судијата го прифатил предлогот и на осомничениот му определил притвор во траење од 30 дена.

 

Митева: Воспоставена е комуникацијата со ИТ компаниите за ваучери од 250 евра за секој студент

Од страна на Владата е почната комуникација со компаниите во делокругот на информатичката технологија кои до крајот на оваа година треба да финализираат и истите да резултираат со утврдување...