fbpx

Се гради нов дом за семејството Ристовски, кое минатата година остана без покрив над глава

-

Борче Ристовски од тетовското село Сиричино со неговата сопруга и со трите деца, за неколку месеци ќе добие свој покрив над глава. Благодарение на донации на приватни фирми, деновиве почнаа да се поставуваат темелите на нивниот нов дом, на местото каде пред шест месеци им се урна куќата.

– Куќата на семејството Ристовски планираме да ја изградиме до крајот на јули. Недостига уште градежен материјал, но се надеваме дека фирмите, како и досега, ќе донираат. Недостига арматура, песок, греди. Отворени се и три телефонски линии за донации: 070 143 999, 075 143 999 и 075 143 999. Со секој повик се донираат 100 денари – изјави Илија Јовановиќ од невладината организација „Градиме иднина“, која изминатиов период успеа да ги обезбеди средствата за да почне градбата на куќата.

Во хуманитарната помош за изградба на домот за семејството Ристовски, кое едвај опстанува, се вклучија и волонтери на Црвениот крст од Тетово. Тие организираа хуманитарна забава, а собраните средства ги донираа на семејството.

Старата куќа на семејството Ристовски се урна во декември минатата година, поради поројони дождови, кои го зафатија полошкиот регион. Оттогаш ова петчлено семејство сè уште живее кај своите соседи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...