fbpx

Се бара притвор за четворица за загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај во М-НАВ

Еден од осомничените е Беким Незири, советник на извршниот директор и координатор на партискиот огранок на ДУИ во Чаир, а за уште тројца од вчерашните напаѓачи на Контролната кула на Скопскиот аеродром се бара да биде одредена мерка притвор. Четворицата вечерва беа изнесени пред судија на претходна постапка

-

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против осум лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај според член 303 став 2 во врска со член 22 од Кривичниот законик, соопшти обвинителството.

Еден од осомничените е Беким Незири, советник на извршниот директор и координатор на партискиот огранок на ДУИ во Чаир, а за уште тројца од вчерашните напаѓачи на Контролната кула на Скопскиот аеродром се бара да биде одредена мерка притвор. Четворицата вечерва беа изнесени пред судија на претходна постапка.

Според обвинителството, осомничените на 4 јануари, со заедничко дејствие на извршување, сториле кривично дело со кое ја загрозиле безбедноста на Меѓународниот аеродром Скопје, незаконски и со намера да извршат дело на насилство против лице ги попречиле услугите на аеродромот.

„Со нивните дејствија тие ја загрозиле безбедноста на меѓународниот воздушен сообраќај во момент кога во воздушниот простор над државава се одвивале 28 летови под контрола на М-НАВ, со што се осомничени дека извршиле кривично дело за кое е предвидена казна затвор од најмалку пет години“, се вели во соопштението на Јавното обвинителство.

Јавниот обвинител, ценејќи дека во конкретниот случај постои опасност од бегство, можност осомничените да влијаат врз постапката или да го повторат делото, до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за четворица осомничени кои се лишени од слобода, додека по останатите четворица се трага.

Директорот на М-НАВ и претседател на управниот одбор, Фахрудин Хамиди денеска изјави дека безбедноста на авиосообраќајот во земјава не била, ниту пак ќе биде загрозена. Тој тврди дека постојано е под напади од претседателот на Синдикатот на контролори на летање, Александар Тасевски, поради како што тврди, негови лични идеи.

Во однос на вчерашниот инцидент со нападот на контролор на летање на работното место од страна на група неовластени лица кои влетале во објектот, директорот Хамиди вели дека вчера се случил немил настан и дека тоа било само „мало кошкање“.

Тој денеска рече дека нема намера да си поднесе оставка, иако од владата уште синоќа најавија дека сите директори и членови на управниот одбор на М-НАВ ќе бидат сменети веќе на наредната седница на владата на 9 јануари.

Во меѓуврреме, финансиската полиција најави дека во вторник ќе влезе во Македонската навигација – М-НАВ за да го испитува целокупното финансиско работење. Според најавите, ќе се испитува целокупното финансиско работење, работата на менаџментот, јавните набавки, работењето на синдикатот како и последните вработувања.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...