fbpx

СДСМ: Договорот со Бугарија е во согласност со националните интереси на Македонија

-

ВМРО-ДПМНЕ треба да се надмине себеси и да престане со својата неодговорна политика и наместо тоа, да покаже одговорност и да дејствува во решавањето на отворените прашања, во унапредувањето на добрососедските односи и во отворањето на евроатлантските перспективи, стои во реакцијата на владејачката СДСМ на одлуката на централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ да не го поддржи во парламентот договорот со Бугарија.

„Договорот за пријателство, добрососедство и за соработка помеѓу Македонија и Бугарија е основа за пријателство и за заемен успех на двете држави, а неговото потпишување е заеднички успех на сите досегашни влади, на сите партии и на сите граѓани. Затоа, особено важно е ВМРО-ДПМНЕ да покаже одговорност и да учествува во заокружувањето на процесот и да даде поддршка на договорот“, стои во реакцијата.

Од партијата наведуваат дека ВМРО-ДПМНЕ треба да сфати дека политиката значи одговорност, а добрососедските односи се и треба да бидат врвен приоритет за Република Македонија и за нејзините граѓани.

„Договорот помеѓу Република Македонија и Република Бугарија е во согласност со националните интереси на Република Македонија и одговара на интересите на граѓаните и на Македонија и на Бугарија. Со договорот се реафирмира позицијата дека се работи за две посебни држави, два посебни народа и два посебни јазика, се затвора прашање што непотребно одвлекува внимание и енергија и се забрзува процесот на интеграција во ЕУ и во НАТО. Со потпишување на договорот, Македонија станува држава пример за соработка во регионот и ја зајакнува меѓународната позиција што ВМРО-ДПМНЕ ја поткопуваше цели 11 години само за да ги оствари сопствените криминални интереси“, велат од СДСМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

И за ВМРО-ДПМНЕ и за СДСМ, ЕУ е приоритет – колку остварлив, не се знае

Во своите изборни програми СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ја нудат ЕУ како највисок надворешен приоритет на државата. СДСМ бара уставни промени веднаш и ветува започнување и завршување на преговорите до...