fbpx

ЦК на ВМРО-ДПМНЕ: Нема да го поддржиме договорот со Бугарија во Собранието

-

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ синоќа одлучил дека партијата нема да го поддржи договорот за добрососедство со Бугарија во Собранието на Република Македонија, соопштија денеска од ВМРО-ДПМНЕ.

Во соопштението се наведува дека е добро да се потпише договор за добрососедство со Бугарија заради зацврстување на соработката и пријателството меѓу државите и, секако, заради најавата на Бугарија дека поцврсто би го поддржала патот на Македонија кон полноправно членство во НАТО и во Европската Унија, но не под условите што се наведени во текстот од договорот.

– Доколку работите останат вакви, централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ заклучи дека и покрај големата желба и искрена волја, ВМРО-ДПМНЕ нема да е во можност да даде поддршка на овој договор во парламентот. Со сегашните одредби на овој договор, можеби не веднаш, но по една и повеќе години од неговото потпишување, во времето на неговото спроведување, Македонија ќе се соочи со сериозни проблеми, чие решавање ќе биде на штета на Македонија. ВМРО-ДПМНЕ под вакви услови не сака да ја споделува одговорноста што СДСМ ќе ја има пред граѓаните на Република Македонија и македонскиот народ, во ситуација кога СДС оди директно спротивно на волјата на мнозинството граѓани на Република Македонија –  стои во соопштението.

Од партијата наведуваат дека еден ден, како и секој друг договор, и овој договор може да биде преиспитан и жали што двете преговарачки страни одлучиле набрзина, без инклузивност на сите политички фактори и стручната бранша и не земајќи ја предвид волјата на македонскиот народ, ќе го склучат овој договор, со тоа ставајќи ја ВМРО-ДПМНЕ во позиција да не го поддржи договорот.

ВМРО-ДПМНЕ истовремено ги осудува и ги отфрла сите тврдењата дека се против влегување во НАТО и во ЕУ, дека одработуваат за Русија или дека се антибугарска партија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Изброени половина од гласовите: Силјановска со двојна предност пред Пендаровски

Водство на претстедателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, покажуваат првичните резултати што ги објави Државната изборна комисија (ДИК). Според извештаите, од обработени 59,61 отсто од гласачките места, таа има...