Саемот на книга го посетиле 20.000 посетители и се одржале 32 промоции на изданија (галерија)

Саемот на книга оваа година го посетиле 20.000 посетители кои максимално ги почитувале сите протоколи за спречување на ширење на ковид-19, информираат организаторите.

„На саемот оваа година се претставија македонските издавачки куќи, а во рамките на сите саемски денови беа организирани 32 промоции на нови изданија од страна на македонските издавачи. За време на саемот се доделија и наградите од Македонската асоцијација на издавачи (МАИ), како и наградите од Здружението на издавачите и книжарите на Македонија (ЗИКМ),“ се вели во соопштението.

Оперативната директорка на Саем на книга, Сања Кондарко изјави дека овој концепт на саеми, користејќи ги капацитетите на A1 арена СЦ „Борис Трајковски“ се покажал како успешен, имајќи ја предвид комплетната инфраструктура со која располага центарот.

Таа најави организација на други настани и саеми, согласно сите протоколи на организација.