fbpx

САД: Властa да ја објасни изјавата на Обвинителството за „Пуч“

-

Амбасадата на САД со загриженост ја проследи изјавата од 3 февруари на канцеларијата на Јавното обвинителство дека „објавувањето материјали кои може да станат предмет на натамошна кривична постапка е забрането и казниво со закон“,  се вели во денешното соопштение од дипломатското претставништво на САД во Скопје.

„Слободните медиуми се столб на едно демократско општество и медиумите играат клучна улога во презентирањето информации од јавен интерес, вклучувајќи и информации што би можеле да укажуваат на злоупотреба на власт и да резултираат со кривични постапки против јавни личности. Загрижени сме дека медиумите во Македонија може да ја толкуваат изјавата на Јавното обвинителство како истата да значи дека тие не треба да ја играат оваа значајна улога. Ги повикуваме властите да дадат јасно правно објаснување за изјавата од 3 февруари, поконкретно определувајѓи ги околностите во кои една информација мора да се третира како службена тајна, и да објаснат како новинарите ќе знаат во кои случаи ќе постојат таквите конкретни околности“, се вели во соопштението од Амбасадата на САД во Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...