САД: Нова ослободителна пресуда и нови протести

-

Стотина демонстранти протестираа на улиците на американските градови поради ослободителната пресуда за полицаецот белец, осомничен дека во јули го задавил Афроамериканцот Ерик Гарнер, кој илегално продавал цигари. Тоа е втора ослободителна пресуда за бел полицаец за помалку од десет дена.

Граѓаните се огорчени од полициските овластувања што во САД добиваат размери на бруталност кон афроамериканските жители.

По ослободителната пресуда на њујоршкиот суд, се појави видеоснимка која предизвика незадоволство.

Ерик Гарнер имал 43 години, бил татко на шест деца и имал два внуци, јавуваат американските медиуми. Гарнер боледувал од астма, а починал за време на апсењето кога полицајците го турнале на под, а еден од нив го држел за врат. По извесно време, тој престанал да дава отпор и останал во несвест.

Полициските претставници изјавија дека Гарнер бил уапсен за продавање неоданочени цигари и оти починал во притвор од срцев удар.

Започна третото издание на Маалски фестивал под мотото „Културата како јавно добро“

Вчера, во Парк во Франкофонија, активистите, уметниците и учениците ги споија познавањата и креативноста во колективни мемории и дела. Учениците од ОУ „Кочо Рацин“ и ООУ „Коле Неделковски" - Центар,...