fbpx

САД изрази загриженост дека Иран може да ја снабди Русија со балистички ракети

Кирби истакна дека Иран веќе ѝ обезбедува на Русија беспилотни летала, насочувачки воздушни бомби и артилериска муниција и оти можеби се подготвува да оди „чекор понатаму“ во својата поддршка за Русија

-

Белата куќа изрази загриженост дека Иран може да ѝ обезбеди на Русија балистички ракети за употреба во нејзината војна против Украина – развој што би бил катастрофален за украинскиот народ, изјави портпаролот на американскиот Совет за национална безбедност Џон Кирби, а пренесува Гардијан.

Кирби истакна дека Иран веќе ѝ обезбедува на Русија беспилотни летала, насочувачки воздушни бомби и артилериска муниција и дека можеби се подготвува да оди „чекор понатаму“ во својата поддршка за Русија.

Портпаролот на Советот за национална безбедност го истакна состанокот во септември на кој Иран беше домаќин на рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу и кога беа претставени низа балистички ракетни системи, што предизвика загриженост на САД.

„Затоа, ние сме загрижени дека Иран размислува да ѝ обезбеди на Русија балистички ракети сега за употреба во Украина. Во замена за таа поддршка, Русија му нуди на Техеран невидена одбранбена соработка, вклучително и ракети, електроника и воздушна одбрана“, рече Кирби.

Предупредувањето на Кирби доаѓа откако во Конгресот остана заглавено барањето на американскиот претседател Џо Бајден за вонредно американско финансирање од 61 милијарда долари како поддршка на одбраната на Украина.

Дополнителната помош за Украина е дел од поголемото барање за финансирање вредно 106 милијарди долари што би ги поддржало и Израел, Тајван, како и операциите на САД на границата со Мексико.

Растечка група пратеници од Републиканската партија, која го контролира Претставничкиот дом, се противи на испраќање повеќе пари во Украина.

Во меѓувреме, Украинската противвоздушна одбрана соопшти дека ги соборила сите 14 дронови „Шахед“ од иранско производство, што синоќа ги лансирале руските сили.

Нападот врз централните, југоисточните и западните региони на Украина траел од 20 часот до 3 часот наутро, објави Укринформ. Засега нема информации за жртви или поголема материјална штета.

Украинската новинска агенција јави и дека руските трупи гранатирале амбулантно возило кое се движело од градот Берислав во регионот Херсон. Инцидентот се случил вчеравечер, рече началникот на окружната воена управа на Берислав, Володимир Литвинов.

Русија вчера го нападнала регионот Херсон, при што е пријавено дека едно лице загинало, а седуммина биле повредени.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поминаа 23 години од масакрот кај Вејце

Денеска се навршуваат 23 години од масакрот кај Вејце, кога во 2001 година, од заседа беа убиени и масакрирани осум припадници на посебната единица при СВР Битола и припадници...