Во Ново Лисиче поставен првиот соларен полнач за тротинети

Полначот е поставен е во дворот на основното училиште „Александар Македонски“ во Ново Лисиче и ќе биде во фаза на тестирање до декември, по што ќе може бесплатно да се користи

Фото: Центар за климатски промени

Центарот за климатски промени (ЦКП) постави полнач за електични тротинети во населбата Ново Лисиче, кој работи на соларна енергија. Ова епрв полнач од ваков тип во земјата и ќе биде достапен за сите граѓани. Поставен е во дворот на основното училиште „Александар Македонски“. Ќе биде во фаза на тестирање до декември, по што ќе може бесплатно да се користи.

„Се надеваме дека овој пример ќе биде поттик и за останатите општини да размислуваат во насока на поголемо искористување на сончевата енергија и да овозможиме средина каде автомобилите ќе ги користиме поретко и ќе имаме чиста и здрава животна средина“, велат од Центарот за климатски промени.

Полначот на соларна енергија го изработи македонската компанија Дарис Инженеринг во рамки на проектот на ЦКП „Патоказ до вашата еко-паметна општина“, кој е финансиран од Амбасадата на САД.