fbpx

Руски авиони уништиле осум позиции на ИД во Сирија

-

Русија нападнала осум позиции на Исламска држава во Сирија, соопшти руското Министерство за одбрана, додавајќи дека за време на операцијата е избегната цивилната инфраструктура.

– Руските воздухопловни сили денеска бомбардираа осум позиции на терористичката група ИД во Сирија. Извршени се вкупно 20 лета. Како резултат на тоа, погодени се складиштата за оружје, нафта и за воена опрема. Координативните центри на ИД во планините се целосно уништени – рече портпаролот на руското Министерство за одбрана, Игор Конашенков.

Како што јавува „Раша тудеј“, портпаролот истакнал дека сите напади се извршени откако претходно биле направени надзорни летови и верификација на податоците со сириската војска. Тој истакна дека руските авиони не целеле цивилна инфраструктура и оти овие територии биле избегнати.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...