Руската сила продолжува со напади, и понатаму гинат цивили

Според Генералштабот, украинските одбранбени сили од почетокот на руската агресија врз Украина на 24 февруари 2022 година досега, убиле 315.620 војници на руските инвазиски сили, од што 1.130 во текот на изминатите 24 часа

-

Руските агресорски сили во текот на изминатото деноноќие извршиле 8 ракетни и 29 воздушни напади и 76 напади од повеќецевни ракетни фрлачи врз позициите на украинските воени сили, јави украинската државна новинска агенција ukrinform.net.

Освен тоа, Генералштабот на Вооружените сили на Украина во својот утрински извештај соопшти и за напади врз цивилни цели, во регионите Запорижја и Донецк. Дополнително, на други подрачја се вршени различни воени напади, при што настрадаа повеќе подрачја на истокот и на југот на Украина, каде што се главните воени дејствија. Погодени биле повеќе од 160 населени места.

Украинските воени сили, истовремено, продолжуваат со офанзивните дејствија во правец на Мелитопол и Бахмут, при што, според соопштението, се напаѓа воена жива сила сила и воена опрема. Во оперативниот сектор Север нема значајни дејствија во изминатово деноноќие.

Дополнително, според Генералштабот, украинските одбранбени сили од почетокот на руската агресија врз Украина на 24 февруари 2022 година досега, убиле 315.620 војници на руските инвазиски сили, од што 1.130 во текот на изминатите 24 часа.

Инаку, нуклеарната централа Запорижја, којашто е под команда на руските агресорски сили и на руската компанија „Росатом“, завчера во одреден период не испорачувала струја, односно не бил во функција реакторот 6, при што биле активирани агрегатите на погонски дизеле и безбедносни системи, во период од час и половина, се дознава од соопштението на „Енергоатом“, операторот на украинските нуклеарни електрани.

Поништена набавката за софтверот што требаше да ги оценува медиумските објави како позитивни, негативни или неутрални

Службата за општи и заеднички работи на Владата ја поништи постапката за набавка на софтвер за оцена на медиумското влијание и за конверзија на говор во текст на македонски јазик „on...

Европскиот суд за човекови права го одобри барањето на ЦРТА за привремена мерка во случајот со звучно оружје

Европскиот суд за човекови права (совет од седум судии) на 29 април 2025 година одлучи делумно да го одобри барањето поднесено од страна на ЦРТА и низа граѓански организации, за воведување...

Музичарот „Моби“ дава 500 песни бесплатно за користење на фановите за креативна употреба

Myзичарот „Моби“ (Moby) познат по неговата електронска музика направи 500 негови песни да бидат бепсплатни за симнување и користење. Ова значи дека песните можат да се симнат, преработуваат и да се...

Љупчо Коцевски денеска оствари средба со Амбасадорот на Република Франција

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски денеска оствари средба со Амбасадорот на Република Франција Кристоф Ле Риголер, со кого разговараше за состојбите во јавното обвинителство и за француската поддршка...

Поништена набавката за софтверот што требаше да ги оценува медиумските објави како позитивни, негативни или неутрални

Службата за општи и заеднички работи на Владата ја поништи постапката за набавка на софтвер за оцена на медиумското влијание и за конверзија на говор во текст на македонски...