fbpx

Русија забрани увоз на говеда и на месо од Македонија

-

Руската Федерална служба за ветеринарна и фитосанитарна контрола вчера воведе привремено ограничување на увозот на говеда, месо и на други месни производи од Македонија во Русија.

Одлуката е донесена поради регистрирањето на епидемија на јазлеста кожа кај стоката во Македонија.

Забраната се однесува и на увоз на производи од говедско месо, како и од други животни што се подложни на болеста јазлеста кожа, а особено на производи што не се обработени на соодветен начин. Со одлуката за забрана на увоз се опфатени производите од необработена говедска кожа, како и продукти со говедски генетски материјали.

Истовремено, Федералната служба за ветеринарна и фитосанитарна контрола на Русија привремено го ограничи и транспортот на говеда и на друга стока подложна на јазлеста кожа преку територијата на Русија.

Руската Федерација воведе исти такви забрани и за крупна стока и за месни производи од Црна Гора.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.
Elden Ring- Elden Lord Armor Set and Set Greatsword скриншот од лична архива на Иван Стојановски

Експанзијата на „Елден Ринг“ ја губи публиката бидејќи е претешка за играње

Откако излезе експанзијата за Елден Ринг, „Shadow of the Erdtree", публиката почна масовно да се жали дека експанзијата е претешка за играње. Тоа и е причината што оваа експанзија...