fbpx

Русија вети дека ќе намали со инвазијата на Киев и Чернихив, во напад на Миколајев загинаа 7 луѓе

-

Руската војска во вторникот соопшти дека ќе ги намали операциите во близина на главниот град на Украина Киев, бидејќи разговорите донеле можен договор за ставање крај на жестоката и брутална војна, пренесе АП.

Заменик-министерот за одбрана Александар Фомин рече дека овој потег има за цел да ја зголеми довербата во разговорите по неколку рунди неуспешни преговори за запирање на конфликтот.

Фомин рече дека Москва одлучила „фундаментално… да ја намали воената активност во насока на Киев и Чернихив“ за „да ја зголеми меѓусебната доверба и да создаде услови за понатамошни преговори“.

Тој посочи дека денеска има напредок, велејќи дека „преговорите за подготовка на договор за неутралноста и ненуклеарниот статус на Украина, како и за давање гаранции за безбедност на Украина, се свртуваат кон практични работи“.

Украинскиот тим, во меѓувреме, постави детална рамка за идниот мировен договор според кој земјата ќе остане неутрална, но нејзината безбедност ќе биде гарантирана од група трети земји, вклучувајќи ги САД, Велика Британија, Франција, Турција, Кина и Полска. Ова би бил аранжман сличен на принципот на НАТО „напад на еден е напад на сите“.

Украинската војска соопшти дека забележала повлекувања околу Киев и Чернихив, иако Пентагон рече дека не може да го потврди тврдењето на Русија.

На почетокот на денешните преговори кои се одржуваа во палатата Долмабахче во Истанбул, двете делегации ги поздрави претседателот Реџеп Таип Ердоган.

Тој, како што пренесе Тајмс оф Израел, им посака успех во работата, нагласувајќи дека прекинот на огнот и стопирањето на трагедијата е во интерес на двете страни и целиот свет.

„Веруваме дека нема да има губитници во праведен мир. Продолжувањето на конфликтот не е во ничиј интерес. Како членови на делегациите презедовте историска одговорност. Целиот свет ја чека добрата вест од вас. Двете страни имаат легитимна загриженост, можно е да се постигне решение прифатливо за меѓународната заедница. Останува на двете страни да стават крај на оваа трагедија“, рече Ердоган додавајќи дека „продолжувањето на конфликтот не е во ничиј интерес“.

Сепак, утрово околу 08:45 часот, како што објави Укринформ, во Миколајев на југот на Украина, руска ракета погоди деветкатница на Регионалната државна управа на Миколајев и Регионалниот совет на Миколајев.

Во ова ракетирање, потврдена е смртта на најмалку седум лица, а повредени се единаесет.

Претходните разговори, кои се одржуваа во Белорусија, не успеаја да постигнат напредок за ставање крај на војната која трае веќе втор месец, во која загинаа илјадници лица, а повеќе од 10 милиони Украинци се протерани од своите домови – вклучително и речиси 4 милиони надвор од нивната земја.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...