fbpx

РКЕ: Се зголемуваат цените на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,54% во однос на одлуката од 15 мај годинава

-

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,54% во однос на одлуката од 15 мај годинава.

Од утре од полноќ максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин Еуросупер БС-95 – 78,50 (денари/литар)

Моторен бензин Еуросупер БС-98 – 80,50 (денари/литар)

Дизел гориво Еуродизел БС (Д-Е V) – 69,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 67,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС – 39,433 (денари/килограм)

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 1,182%, кај дизелот за 1,847%, кај екстра лесното масло за 1,231% и кај мазутот зголемувањето е за 0,571%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 1,072%.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...