Рехабилитација на пост-ковид пациенти ќе се врши во центарот за белодробни заболувања во Отешево

-

Во центарот за белодробни заболувања во Отешево, со поддршка од Министерството за здравство, подготвен е дел наменет за пациенти за пост-ковид рехабилитација. Од ова министерство соопштуваат дека, голем дел од пациентите кои прележале ковид се соочуваат со потешкотии во дишењето и движењето кои полесно би се надминале со стручна помош, односно со респираторни и со физикални вежби. Целта е да се намалат респираторните проблеми, да се ублажат симптомите, да се контролира анксиозноста, да се намалат компликациите и на крај да се подобри и квалитетот на животот на лицата кои прележале ковид-19.

„Процесот на рехабилитација се спроведува согласно најновите протоколи и програми за пост ковид рехабилитација. Тимот е составен од специјалист по физикална медицина, специјалист по интерна медицина, субспецијалист пулмолог и физиотерапевти. Секој пациент добива индивидуален пристап во зависност од неговата состојба. Рехабилитацијата трае различно, зависно од здравствената состојба на пациентот, со цел да се подобри респираторната функција, да се воспостави побрза вертикализација и враќање во нормалниот живот“, информираат од ова министерство.

Појаснуваат дека, најчестите симптоми на кои се жалат пост-ковид пациентите се отежнато дишење, мускулна слабост, малаксаност, болки во коските и во мускулите, а со тоа и нарушен квалитет на живот. Тимот за физикална рехабилитација врши проценка на пулмоналниот и физичкиот статус на болниот, мерење на срцева фреквенција, мерење на гасни анализи, пред и после физичката активност. Според  резултатите, се составува соодветна програма со која пациентот оди низ процесот на рехабилитација. Таа подразбира вежби за дишење, вежби во природа и прошетки покрај езеро, во придружба на физиотерапевт, специфични вежби и апарати за физикална терапија за зајакнување на мускулна маса на болниот.

Болницата во Отешево е единствена од ваков вид во државата за пулмонална и физикална рехабилитација. Таа постои и работи 40 години и е „воздушна бања” сместена меѓу двата национални парка, Галичица и Пелистер, покрај Преспанското Езеро.

Поништена набавката за софтверот што требаше да ги оценува медиумските објави како позитивни, негативни или неутрални

Службата за општи и заеднички работи на Владата ја поништи постапката за набавка на софтвер за оцена на медиумското влијание и за конверзија на говор во текст на македонски јазик „on...

Европскиот суд за човекови права го одобри барањето на ЦРТА за привремена мерка во случајот со звучно оружје

Европскиот суд за човекови права (совет од седум судии) на 29 април 2025 година одлучи делумно да го одобри барањето поднесено од страна на ЦРТА и низа граѓански организации, за воведување...

Музичарот „Моби“ дава 500 песни бесплатно за користење на фановите за креативна употреба

Myзичарот „Моби“ (Moby) познат по неговата електронска музика направи 500 негови песни да бидат бепсплатни за симнување и користење. Ова значи дека песните можат да се симнат, преработуваат и да се...

Љупчо Коцевски денеска оствари средба со Амбасадорот на Република Франција

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски денеска оствари средба со Амбасадорот на Република Франција Кристоф Ле Риголер, со кого разговараше за состојбите во јавното обвинителство и за француската поддршка...

Поништена набавката за софтверот што требаше да ги оценува медиумските објави како позитивни, негативни или неутрални

Службата за општи и заеднички работи на Владата ја поништи постапката за набавка на софтвер за оцена на медиумското влијание и за конверзија на говор во текст на македонски...