fbpx

Речиси 86 отсто од починатите од ковид-19 од август наваму биле невакцинирани

-

Во изминатите седум недели како последица од ковид-19 починале 1033 лица, а 888 од нив или 86 отсто не биле вакцинирани. Останатите 145 починати (14 %) биле целосно вакцинирани, објави Министерството за здравство.

„Според анализите починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања“, велат од ресорот здравство.

Во однос на процентот на позитивни, од 6 август до вчера (23 септември) биле регистрирани 32.818 случаи, од кои 78 отсто биле невакцинирани, а 22 отсто биле целосно вакцинирани.

„Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 80 отсто, додека само 20 отсто од сите моментално хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани, се вели во соопштението.

Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас, како и пациенти кои се вакцинирале во странство со вакцини на Модерна и Џонсон.

„Министерството за здравство укажува на важноста на вакцинација, секоја вакцина која ја имаме на располагање е безбедна. Апелираме граѓаните да се вакцинираат, само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на СарсКов2,“ се додава во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...