fbpx

Денеска 525 нови случаи на ковид-19, починале уште 18 лица како последица на болеста

-

Во последните 24 часа се регистрирани 525 нови заболени од ковид-19 од направени вкупно 3.858 тестови. Денеска како последица на болеста починале 12 лица, но уште шестмина, по двајца од Куманово и Тетово, и по еден од Кичево и Гостивар, се пријавени како починати во текот на изминатиот месец. Пет од нив починале во домашни услови, еден во болница, јави Министерството за здравство.

Најголем дел од новите регистрирани случаи се од Скопје – 268, потоа од Куманово – 40, од Струмица 27, Штип – 25, Битола – 23. Во останатите градови се регистрирани пониски бројки на нови случаи.

Во истиот период оздравеле 449 пациенти.

Од почетокот на пандемијата вкупно се регистрирани 189.159 случаи на ковид-19, а починаа 6.557 лица. Во моментов има 12.207 активни случаи во земјата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да го остварат 2.147 гласачи. Сите гласачки места во казнено поправните установи се отворени утрово во 7...