fbpx

Путин повторно предупреди на ризик од нуклеарна војна

Иако и генералниот секретар на НАТО, како и САД и Обединетото Кралство јавно посочија дека не би пратиле свои војници во Украина, повод за ваквиот говор на Путин може да се смета изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон, кој неодамна рече дека не е исклучена можност Франција да испрати војници во Украина

-

Во своето годишно обраќање во рускиот парламент, рускиот претседател Владимир Путин ги уште еднаш предупреди Западот и НАТО дека доколку пратат свои војници во Украина постои вистински ризик за нуклеарна војна, потенцирајќи оти Русија има свои цели во Западот.

Иако и генералниот секретар на НАТО, како и САД и Обединетото Кралство јавно посочија дека не би пратиле свои војници во Украина, повод за ваквиот говор на Путин може да се смета изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон, кој неодамна рече дека не е исклучена можност Франција да испрати војници во Украина.

„Тие не сфаќаат дека и ние имаме оружје, оружје со кое можеме да ги победиме на нивна територија. Сето ова е многу опасно зашто може да предизвика нуклеарна војна и да доведе до крајот на цивилизацијата, зарем не го сфаќаат тоа?“, изјави Путин пред рускиот парламент.

Обраќањето на Путин доаѓа пред претседателските избори во март, на кои речиси сигурно тој ќе го освои шест-годишниот мандат. Дополнително, Путин се фалеше со тоа колку се модерни нуклеарните оружја која руската армија ги поседува.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...