fbpx

Првиот климатски камп во Македонија ги награди најдобрите

-

Од 17 до 19 април се оддржа Првиот климатски камп во Македонија, „Од тебе зависи“, кој имаше цел да ги поттикне граѓаните да ги промовираат своите идеи за тоа како може да се намалат штетните влијанија на климатските промени во урбаните средини. Најдобрите два тима, кои ги промовираа своите идејни решенија за темата, добија по 10.000 долари за да ја претворат нивната идеја во реалност во следниот период.

– Среќна сум што овој климатски предизвик разбуди голем интерес кај граѓаните, добивме повеќе од 130 одлични апликации, што докажува дека сите ние како поединци можеме да дадеме голем придонес во борбата против климатските промени – изјави Луиза Винтон, постојана координаторка на Обединетите нации и постојан претставничка на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

Победниците, односно двата тима кои добија по 10.000 долари, беа избрани од стручно национално и меѓународно жири од вкупно 10 финалисти кои беа дел од Првиот климатски камп во Македонија. Покрај потрагата за иновативни решенија од граѓаните (поединци или тимови), овој камп имаше цел и да ја зголеми свесноста за климатските промени – реалност за која е потребна непходна акција.

Тим 1 ќе работи на патики и на велосипед кои генерираат електрична енергија за полнење батерии. Дел од тимот беа Александар Лазовски, Мартина Димоска, Лорета Тодоровска и Николчо Гошев.

Тим 8, пак, ќе работи на вирални видеозаписи и хумористични скечеви. Дел од тимот беа Жарко Димитриоски, Владо Оцевски, Ѓорѓи Џамбазов, кои работеа под менторство на Бранко Огњановски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...