fbpx

Прва меѓународна конференција за компании од лесна метало-преработувачка индустрија

-

За првпат во Македонија ќе се организира конференција за вмрежување на компаниите од лесна метало-преработувачка индустрија со странски купувачи. Конференцијата ќе се одржи на 15 септември, во хотел „Александар Палас“.

„За компаниите од металната индустрија е од големо значење отворање на странските пазари, а оваа конференција е можност за почеток на некаква соработка. Нашите производи се пред се наменети за извоз и неопходна ни е помош во тој сегмент, бидејќи полесно е да се пробива пазарот заеднички, отколку секој поединечно”, објаснува претседателот на Aсоцијација на метална и електро индустрија, Марта Наумовска Грнарова.

На конференцијата покрај директните деловни средби меѓу домашни и странски купувачи ќе се зборува за трендовите и новите технологии во индустријата.

„За нас е особено важно да ги следиме сите релевантни европски и светски трендови во областа на лесната индустрија, како иновациите, новите технологии, новите играчи на пазарите. Крајната цел е македонските компании да станат дел од глобалниот снабдувачки ланец на реномираните странски компании. Оваа конференција, покрај тоа што ќе им овозможи на присутните компании да се информираат за последните случувања во индустријата, главниот фокус го има во бизнис средбите помеѓу домашните производители, претставници од домашните странски инвеститори и странските компании присутни на истата,“ додава Наумовска Грнарова.

Еднодневната конференција е организирана од Асоцијација на метална и електро индустрија и Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот со поддршка од УСАИД и Владата на Швајцарија преку Проектот за експанзија на мали бизниси.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...