Протекол список на музика што не требало да се пушта на училишните новогодишни забави во Москва

Фото: Глобал Војсес

Изминатиот месец, на русофоните сегменти на Твитер и Телеграм се прошири вирална порака со наводен список со забранети песни од руски и украински музичари кои „не треба“ да се пуштаат на новогодишните забави, е дистрибуирана до московските училишта. Како што објави „Глобал војсис“ нема официјална потврда дали навистина станува збор за копија на вистинска порака, но она што е јасно е дека голем дел од групите и музичарите веќе се наоѓаат на претходно објавениот список на музичари чии концерти се забранети во Русија по почетокот на инвазијата врз Украина, бидејќи тие групи се сметаат за „анти-патриотски“ или „анти-руски“.

„Глобал војсис“ одбра неколку песни од листата на „забранети“ музички групи.

Монеточка е пејачка од Екатеринбург, руски град со 1,5 милиони жители од регионот Урал. Таа стана популарна во 2016 година на само 15-годишна возраст и од тогаш има објавено неколку популарни албуми. По започнувањето на руската инвазија врз Украина во февруари 2022 година, таа ја напушти земјата и јавно ја осуди војната.

Во нејзиниот најнов видео-спот за песната „Гори“ во која таа пее „Гори моја земјо, гори, не го гасете огнот“ осудувајќи го она во што Русија се има претворено.

Еден од најпопуларните украински бендови вклучени во листата е Океан Елзи (Океанот на Елза). Бендот е активен на светската музичка сцена од 1994 година, а неговиот лидер Свјатослав Вакарчук е едновремено и политички активист. Оваа година, групата имаше многу концерти за поддршка на Украина низ цела Европа. Ова е нивна стара песна, но многу симболична и актуелна: насловена „Без борба“ се однесува на човек кој не се откажува без да се спротистави.

Уште еден забранет уметник е раперот Оксимирон (Oxxxyimiron). Тој е еден од најпопуларните руски рап-ѕвезди, кој зема учество во граѓанските протести. И тој ја има напуштено земјата по почетокот на инвазијата врз Украина. Со оваа песна, наречена „Оида“ (во превод: „О, да!“) тој се спротивставува на војната и на Путин.

Севкупно, на црниот список има 29 музичари и групи. Некои од нив, како Литл Биг и Mанижа, на времето ја претставуваа Русија на натпреварот Евросонг. Меѓу другите се и некои стари класици, како Борис Гербеншчиков или рок-групата ДДТ. Сите овие уметници јавно и експлицитно ја имаат осудено руската инвазија против Украина.