Пронајдено досега неоткриено дело на Моцарт во германска библиотека

Делото за гудачко трио било откриено во општинската библиотека на Лајпциг при проект за собирањето на сите дела на австрискиот композитор

-

Во библиотека во Лајпциг е пронајдено досега неоткриено дело на легендарниот австриски композитор Волганг Амадеус Моцарт, пренесува Гардијан.

Тоа било пронајдено при дополнувањето на каталогот „Кехел“, односно архивата на сите дела на Моцарт.

Делото е наменето да биде изведено од гудачко трио и се состои од 7 кратки ставови, со вкупно времетраење од околу 12 минути. Австрискиот композитор најверојатно го напишал делото во своите тинејџерски години, односно во 1760-те години.

Откриениот документ не е изворно напишан од Моцарт, туку е копија од 1780 година. Според општинската библиотека во Лајпциг, делото се вика „Ganz kleine Nachtmusik“, слично како познатото дело „Eine kleine Nachtmusik“ од австрискиот композитор.

Делото беше изведено вчера во Салцбург, родниот град на Моцарт, во рамките на свеченото откривање на каталогот „Кехел“. Во сабота ќе биде изведено во Лајпциг.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Преку проектот за суперучилишта наши средношколци ќе се дружат со партнерски училишта од Западен Балкан

Во новиот циклус на „Проектот за размена на суперучилишта за Западен Балкан“, вклучени се петнаесет средни училишта од Македонија заедно со нивните партнерски училишта од регионот. Министерката за образование и...