fbpx

Приведен е маж кој влечел куче со автомобил на грчкиот остров Закинтос

Коментирајќи го инцидентот, новиот министер за граѓанска заштита Нотис Митаракис изјавил дека „ваквото асоцијално однесување е неприфатливо“, додавајќи дека на човекот му е изречена парична казна од 30.000 евра, а ќе се чека и одлуката на јавниот обвинител во однос на понатамошната постапка

-

Седумдесет и петгодишен маж е уапсен вчеравечер на островот Закинтос, во областа Гаитани, бидејќи влечел куче зад своето возило, пренесува Екатимерини.

Возач од друг автомобил го снимил моментот кога кучето, врзано за куката за автомобилот, кое се влече и се бори да се ослободи. Во видеото, тој му кажува на човекот да го запре автомобилот, што и го направил. Видеото било испратено до локалната полиција која го идентификувала и го привела осомничениот.

Против 75-годишникот е поднесена кривична за злоупотреба на животни и се очекува во текот на денешниот ден да биде изведен пред јавен обвинител. Кучето било предадено на локална организација за заштита на животните и прегледано од ветеринар.

Како што изјавиле од Animal Life Care Group за грчките медиуми, кучето е старо, има лесни изгореници на шепите и не може да стои подолго време.

Коментирајќи го инцидентот, новиот министер за граѓанска заштита Нотис Митаракис изјавил дека „ваквото асоцијално однесување е неприфатливо“, додавајќи дека на човекот му е изречена парична казна од 30.000 евра, а ќе се чека и одлуката на јавниот обвинител во однос на понатамошната постапка.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...