Притвор за велешанец и велешанка зашто пренесувале хероин

При преглед на возилото во близина на патарината кај Сопот полицијата пронашла 13,16 грама хероин и 13,17 грама мешавина од кофеин и парацетамол која се користи како додаток за зголемување на масата на некои дроги

-

Основното јавно обвинителство Велес донесе наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори според член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

Како што информира Обвинителството, осомничените, велешанец и велешанка, во патничко возило БМВ со скопски регистарски ознаки пренесувале од Скопје во Велес наркотична дрога која претходно ја набавиле. При преглед на возилото во близина на патарината кај Сопот полицијата пронашла 13,16 грама хероин и 13,17 грама мешавина од кофеин и парацетамол која се користи како додаток за зголемување на масата на некои дроги, а биле пронајдени и пари за кои постои сомнение дека потекнуваат од илегална продажба на дрога.

„Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Велес достави предлог за определување мерка притвор за двете лица, посебно имајќи ја предвид опасноста да се дадат во бегство и да го повторат делото“, стои во соопштението од Обвинителството.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Студентското собрание на УКИМ со реакција за зголемените трошоци: Образованието мора да остане достапно за сите

Како Универзитетско студентско собрание, ги разбираме предизвиците со кои се соочува Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) во справувањето со трошоците. Меѓутоа, сметаме дека најголемиот дел од овие финансиски...