fbpx

Пратениците на СДСМ утре ќе почнат со работа во собраниските комисии

-

Денеска во 15 часот, во Собранието ќе се состане Комисијата за избори и за именувања, која треба да ги прифати предлозите за членови и за претседатели на собраниските комисии од пратеничката група на СДСМ.

Откако членовите на оваа комисија ќе ги прифатат предлозите, за нив ќе треба да се гласа на пленарна седница, која се очекува да биде закажана утре.

Предлог на пратеничката група на СДСМ за потпретседател на Собранието е Рената Дескоска, а за претседател на Комисија за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање ќе биде предложен Хари Локвенец.

Горан Мисовски, ќе биде предложен за претседател на Комисијата за надзор над спроведувањето на посебната истражна мерка следење на комуникациите од МВР, Управата за финансиска полиција, Царинската управа и од Министерството за одбрана.

Пратеничката група на СДСМ предлозите за членови и за претседатели на комисиите до Собранието ги доставила вчера, а Зоран Илиоски, претседателот на Комисијата за избори и за именувања рече дека треба да се направат некои усогласувања на членовите и најдоцна до среда новите членови на комисиите ќе бидат избрани.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...