Повик за донации за учество на „Robo Mosquitos“ на светскиот натпревар „Лего лига“

Фото: Jelleke Vanooteghem / Unsplash
„Робо комарци“ (Robo Mosquitos) е тим на млади ученици кои победија на првиот турнир „Лего лига“,  што беше организиран во Република Северна Македонија за деца на возраст од 9 до 16 години.
Победничкиот тим беше поканет да учествува на светскиот натпревар што ќе се одржи од 5 до 7 август во Рио де Жанеиро во Бразил каде ќе учествуваат 40.000 тимови од 98 различни држави низ светот.
Темата на овогодинешниот натпревар е „Карго конект“ каде тимовите ќе треба да направат проект за унапредување на карго транспортот. Дополнително секој тим треба да дизајнира, изгради и програмира робот со користење на на технологијата „Lego mindstorms“. Понатаму, роботот ќе се натпреварува со останатите конкуренти преку исполнување на различни мисии.
На „Робо комарци“ им се потребни средства што ќе ги покријат трошоците за учество, пат и останатите режиски трошоци. Сите заинтересирани може да донираат тука.
„Лего лига“ е меѓународна мултидисциплинарна научна програма наменета да инспирира млади луѓе да откриваат и решаваат проблеми. Програмата поттикнува креативност, љубопитност и критичко мислење и тимска работа.