Младинскиот сојуз Крушево со повик за студентска пракса

Избраните кандидати ќе се стекнат со можност за учество и вмрежување на настани, како и со нови вештини, знаења и компетенции

该图片由StockSnapPixabay上发布

Младинскиот сојуз Крушево објави повик за практиканти за канцеларијата во Скопје – преку тримесечна практикантска програма ќе обезбеди финансиски надоместок за три млади лица.

Дополнително, велат од организацијата, ќе ги мапираат интересите на младите луѓе во различните програми со цел понатамошно вработување на младите, по завршување на праксата.

Заинтересираните кандидати за учество во практикантската програма потребно е да бидат на возраст од 16 до 29 години, да не се во работен однос, да имаат завршено најмалку основно образование и да можат да извршуваат практикантска работа во времетраење од три месеци.

Избраните кандидати за извршување на практикантската работа ќе имаат назначено ментор кој ќе ги следи во текот на целата пракса, ќе добијат можност за учество и вмрежување на настани, а ќе се стекнат и со нови вештини, знаења и компетенции. Месечниот нето надоместок за практикантската работа е 12.000 денари.

Заинтересираните кандидати треба да испратат писмо за мотивација и кратка биографија најдоцна до 31 мај, до полноќ.

Повеќе информации за повикот може да се добијат преку и-мејл на [email protected] или на телефонскиот број 078 305 251.