fbpx

Порталб: За нереализирањето на некои проекти, Општина Чаир ја обвинува пандемијата

-

Клинички центар за деца, нов објект за Mладински центар, паркинзи зад станбениот блок на бул. Никола Карев, паркинзи на крстосницата на Џон Кенеди и Кемал Сејфула и кружни текови на улицата Цветан Димов, се дел од ветените проекти на градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, кои не се реализирани повеќе од три години, откако дојде на чело на општина Чаир, пишува Порталб.мк.

За време на предизборната кампања, Ганиу ветил буџет од 112.310.860 денари (1.841.161,64 евра) за Клинички центар за деца. Предвидел реконструкција на постојниот објект 66.740.860 денари (1.094.112 евра) и проширување на новиот дел 45.570.000 денари (747.049 евра).

Ветен проект за Клинички центар за деца

Во неговиот „Договор“, односно изборната програма, Ганиу ветил нов објект за младински центар, за што предвидел буџет од 15.300.000 денари (250.819 евра).

Постоечкиот и ветениот нов објект за Младински центар

„Планираната стратегија предвидува целосна реализација на младински центар на ул. Серава во постојната зграда на урбаната заедница. Истиот ќе биде од јавен карактер со цел да се привлечат младите генерации на општината“, стои во „Договорот“ на Ганиу.

Во меѓувреме, за инфраструктурниот дел, тој предвидел вкупен буџет од 158.332.118 денари (2.595.608 евра), со кој треба да се спроведат низа инфраструктурни проекти, вклучително и паркинзи зад станбениот блок на бул. Никола Карев, паркинзи на крстосницата Џон Кенеди и Кемал Сејфула и кружни текови на неколку улици, вклучувајќи ја и улицата Цветан Димов.

Крстосница Џон Ф. Кенеди и Кемал Сејфула

Сепак, ниту еден од овие проекти сè уште не е започнат, иако до крајот на мандатот на градоначалникот Висар Ганиу има само уште неколку месеци.

Од општината за Порталб.мк изјавија дека се прават максимални напори за реализација на овие проекти.

„Исто како што повеќето од ветените проекти се веќе реализирани и се на пат на реализација – како што е веќе завршениот проект за изградба на трибината на стадионот на ФК Шкупи и новата административна зграда на клубот во тек, започна процесот на градба за новата градинка „Бамби“, динамичниот процес на изградба на дополнителната зграда на ОУ Исмаил Ќемали, завршениот градежен проект на спортската сала на ОУ Конгреси и Манастирот која го носи името Аљуш Хамиди, кружниот тек на булеварот „Втора македонска бригада“, постојниот центар за млади на улицата Кемал Сејфула и многу други проекти во повеќе области за него континуирано ги информиравме граѓаните, се прават максимални напори да се започне со реализација на проектите истакнати од вас, вклучително и изградба на Клинички центар за деца, друг објект на новиот центар за млади, паркинзи и кружни текови“, се вели во одговорот на оваа општина на прашањата од Порталб.мк.

Во продолжение додаваат дека одолговлекувањето на овие проекти е предизвикано од состојбата со пандемијата, како и забелешките што доаѓаат од Град Скопје и Министерството за транспорт и врски за деталните урбанистички планови.

„Со оглед на состојбата со пандемијата на вирусот ковид-19, работиме со дозволен капацитет во овие околности и со максимална посветеност да одобриме нови детални урбанистички планови во согласност со законските процедури, што ќе ни овозможи да дејствуваме понатаму за реализација на други ветени проекти. Во врска со деталните урбанистички планови, треба да се напомене дека забелешките на Град Скопје и Министерството за транспорт и врски се дадени во различно време, а не како целина, што го отежнува реализирањето на ветените проекти. Како и секогаш, навремено ќе ги информираме граѓаните за секоја новина во оваа насока“, нагласија од Општина Чаир.

Во својот „Договор“, Ганиу порача оти предвидел буџет од 1.156.293.957 денари (18,8 милиони евра) за изградба на 4 катни гаражи на територијата на општината.

Тој вети дека ќе се градат катни гаражи кај „Саат Кула“, за што предвидел буџет од 176.668.200 денари (2,8 милиони евра) катна гаража кај Албанскиот театар, за што предвидел буџет од 112.455.000 денари (1,8 милиони евра). Катни гаражи биле ветени и на плоштадот Скендербег и „Чаирчанка“, за што бил предвиден буџет од 786.169.857 денари (12,7 милиони евра) и 81.000.000 денари (1,3 милиони евра), пишува Порталб.мк.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...